Филм: Временска јамка (Looper)

Филм: Временска јамка (Looper)

Филм за борбата помеѓу сегашните и идните потреби во животот, како и за опстанокот во најсурови услови

Филм: Временска јамка (Looper)Режија: Рајан Џонсон

Улоги: Џозеф Гордон-Левит, Брус Вилис, Емили Блант

Времетраење: 119 минути

Јазик: англиски

Премиера: 28 септември 2012

Жанр: акција, научна фантастика, трилер

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (15 гласа, просек: 9,47 од 10)
Loading...

Во Канзас во 2074 година, мафијата развила одличен систем за елиминирање на своите непријатели така што ги испраќаат нивните жртви назад во Канзас во 2044 година. Таму ги пресретнуваат платени убијци наречени „лупери“ кои ги добиваат своите инструкции од мафијаш (Џеф Даниелс) кој дошол од иднината. Анонимните жртви се појавуваат буквално од никаде заврзани и со маска на главата, на однапред договорено место каде што убиецот веднаш пука во нив, а потоа се ослободува од телото и ја собира својата награда – сребрени плочки кои се залепени на грбот на нивната жртва.Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Луперот работи сè додека еден ден не пронајде златни плочки на грбот на својата жртва, што значи дека всушност го убил постариот себе. Од тој момент започнува неговата пензија и тој може да го живее својот живот луксузно сè додека по 30 години не го вратат назад во моментот каде што неговата помлада верзија го убива. Исто така, нешто што е многу карактеристично за тој период е појавување на една специфична мутација кај луѓето поради која тие ќе станат способни за телекинеза. На почетокот сите сметале дека ќе станат суперхерои, но како и секогаш „моќта“ носи свои негативни последици…Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Приказната се одвива околу младиот Џо (Џозеф Гордон-Левит) кој е лупер. Тој имал многу лошо минато, пораснал без семејство и единствените совети кои ги добил во својот живот биле од човек од иднината кој му дал пиштол и го научил како да пука. Веднаш ќе забележите и дека Џо има многу проблеми – тој редовно е под дејство на дрога, посетува проститутки… Но, исто така тој има и една добра страна, учи француски, сонува да отпатува на подобро и пософистицирано место од Канзас и посакува да може некако да ѝ помогне на неговата проститутка пријателка (Пајпер Перабо) која има мало дете.Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Кога ќе се појави Џо од иднината (Брус Вилис), работите многу ќе се искомплицираат за младиот Џо. Тој себично и цврсто се држи до својата замисла за иднината и не дозволува никој да ја смени, дури ни личност која го познава подобро и од самиот себе во тој момент. Тогаш настанува битката помеѓу желбата за одреден начин на живот кај младиот Џо и спомените на неверојатна љубов кај стариот Џо. Што мислите кој ќе победи?Филм: Временска јамка (Looper)Филм: Временска јамка (Looper)Ако сте расположени за кратко и интензивно бегство од реалноста, погледнете го овој филм со одлична и уникатна содржина кој ќе го задржи вашето внимание до самиот крај, каде што ве очекува неочекуван пресврт кој сериозно ќе ве замисли за животот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар