Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)

Филм инспириран од животот на брокерот Џордан Белфорт

Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)Режија: Мартин Скорсезе

Главни улоги: Леонардо Дикаприо, Џонан Хил, Марго Роби

Времетраење: 180 минути

Јазик: англиски

Премиера: 25 декември 2013

Жанр: биографија, комедија, криминалистика

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (35 гласа, просек: 9.11 од 10)

Loading...Loading...

Што се случува со еден човек кога ќе почне да заработува повеќе отколку што може да потроши? Кој ќе живее и работи во џунгла каде што нема ни 5 минути слободно време за одмор? Што се случува кога работата едноставно ќе го проголта и ќе се препушти на живот без никакви правила и контрола? Дали тој човек ќе остане ист?

Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)

Приказната го следи животот на еден брокер, Џордан Белфорд (Леонардо Дикаприо), кој на само 26 години успеал да заработи скоро 50 милиони долари. Тој сакајќи да се пробие, да заработи пари и да го привлече вниманието на големите брокерски фирми на Волстрит, отворил своја фирма која работела на малку поинаков начин од останатите. А под поинаков начин, сакаме да кажеме не баш легален начин. Користејќи ги дупките во законот и своите неверојатни способности за убедување, тој многу брзо успеал да ја прошири фирмата притоа здобивајќи се со прекарот „Волкот од Волстрит“.

Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street) Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)

Заработувајќи неизмерно многу пари и работејќи во фирма каде што единственото правило е „не прифаќај НЕ за одговор“, Белфорд заедно со целиот свој тим почнуваат да живеат живот без контрола, проследен со многу алкохол, дрога и проститутки. Одеднаш тој ќе стане легенда во брокерските кругови. Преку ноќ сите ќе сакаат да работат за него и да бидат како него. Слободно може да се каже дека во еден момент тој дури ќе биде и непобедлив.

Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street) Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)

Но, секако работите не можат вечно така да траат. Некој би се запрашал кога е доста. Кога треба да се откажеш и едноставно да се повлечеш од тој брз и луд живот. За жал, за амбициозниот Белфорд тоа не беше опција. И токму тоа ќе го доведе до огромни проблеми.

Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street) Филм: Волкот од Волстрит (The Wolf of Wall Street)

И покрај тоа што на неколку моменти ќе почувствувате како приказната да не е доволно обработена, овие 180 минути ќе ви поминат побрзо отколку што можете да замислите. Леонардо Дикаприо едноставно се надмина себеси со својот перформанс, а истото можеме да го кажеме и за останатите ликови кои одлично го следат. Темата која се обработува во овој филм е многу тешка, но со начинот на кој ни е пренесена можеме да извлечеме премногу лекции. Накратко, доколку не ви пречат експлицитните сцени, голотијата и големиот број пцости, вие уште во првите 15 минути ќе бидете целосно навлечени, чувствувајќи се како да го преживувате сè она што ќе му се случува на Белфорд и испитувајќи се себеси што вие би направиле во слична ситуација.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар