Филм: Воин (Warrior)

Извонредна комбинација на драма и борбени сцени, на физичка и емоционална борба

Филм: Воин (Warrior)Режија: Гевин О‘Конор

Улоги: Том Харди, Џоел Еџертон, Ник Нолти, Џенифер Морисон, Френк Грило

Времетраење: 140 минути

Јазик: англиски

Премиера: 9 септември 2011

Жанр: спортска драма, семејна драма

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (19 гласа, просек: 9.68 од 10)

Loading...Loading...

Воин (Warrior) е спортска драма исполнета со ММА борби (Mixed Martial Arts – мешани боречки вештини) која највисоката оценка ја заслужува со тоа што борбените сцени не го носат дејствието на филмот. Ова не е некој од оние ужасно патетични филмови со Жан Клод Ван Дам или Стивен Сегал, туку одличен микс од драма и акција кој носи големо задоволство и возбуда при гледањето на филмот. Преку различните животни битки на секој воин во филмот, овде се раскажува исклучително добра приказна за истрајноста на човечкиот дух, љубовта во семејството и за простувањето.Филм: Воин (Warrior)Филм: Воин (Warrior)Во сите 140 минути извонредно се испреплетуваат физичките и емоционалните борби на воините во филмот. Брендан (Џоел Еџертон) е пристоен и емотивен професор по физика, поранешен ММА борец кој отсекогаш бил аутсајдерот во семејството. Тој веќе 14 години не се видел со брат му Томи (Том Харди), кој исто така е поранешен ММА борец. Томи е гневен и тивок, енигматичен лик, прогонуван од минатото и исполнет со потисната болка. Третиот член од семејството е татко им Педи (Ник Нолти), поранешен тренер во боречки спортови кој никогаш не знаел како да им искаже љубов на децата, а поради алкохолот се оддалечил од нив и си го упропастил животот. Сега веќе е трезен и се обидува да се смири со нив.Филм: Воин (Warrior)Филм: Воин (Warrior)Сите тројца се воини кои водат различни битки во животот. Брендан е слабо платен и се дави во долгови поради скапото лекување на ќерка му. Томи се враќа од Ирак по служењето во американската морнарица и по убиството на неговиот најдобар другар и сака да му помогне на неговото семејство. Педи е поранешен алкохоличар кој сфаќа колку пропуштил во животот и денес се обидува повторно да се зближи со синовите и да се искупи за грешките во минатото. Животот ќе ги спои во заедничка битка кога сите тројца ќе се појават на силен ММА турнир за награда од пет милиони долари. На едната страна е Брендан кому парите му требаат за да го отплати кредитот и да ја задржи куќата, а на другата се Томи, кој сака парите да ги даде на сопругата и децата на неговиот другар, и Педи кој овде доаѓа како негов тренер.Филм: Воин (Warrior)Емоционалните аспекти на филмот се одлично прикажани и лесно е да се соживеете со нив додека проблемите се откриваат слој по слој. Актерите добија извонредни критики за тоа, а Ник Нолти заработи дури и нимонација за Оскар. Што се однесува до борешките сцени, ако знаете дека Џоел Еџертон и Том Харди заработиле повреди при нивното снимање, јасно е дека нема простор за сомнеж дека тие се спектакуларно изведени, полни со адреналин и многу реални, а одличната музика само ја надополнува нивната драматика.Филм: Воин (Warrior)Ако сакате да го споредувате „Воин“ со некој друг ваков сличен филм, такви би биле првиот дел на Роки (Rocky), Боксер (The Fighter) или Девојка од милион долари (Million Dollar Baby), но овој е уште подобар од нив. Не мора да сте фан на боречките спортови за да го гледате, затоа што овде борбите се така дозирани да ù одат во прилог на драмата. Ова е еден од најдобрите филмови кои се појавиле во поново време и не смее да се пропушти.Филм: Воин (Warrior)Филм: Воин (Warrior)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар