Филм: Утреземја: Светот понатаму (Tomorrowland)

Филм: Утреземја: Светот понатаму (Tomorrowland)

Љубопитна тинејџерка и поранешно момче гениј ќе тргнат во мисија да ги откријат тајните на неверојатно место кое постои во рамките на Земјата, скриено од сите останати

(1) Филм: Утреземја: Светот понатаму (Tomorrowland)Режија: Бред Брд

Улоги: Џорџ Клуни, Брит Робертсон, Хју Лаури

Времетраење: 130 минути

Јазик: англиски

Премиера: 22 мај 2015

Жанр: акција, авантура

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 8,89 од 10)
Loading...

Приказната се врти околу двајца неверојатно брилијантни гении и љубопитни мечтатели, Френк Вокер (Џорџ Клуни) и Кејси Њутон (Брит Робертсон) чии судбини се испреплетуваат кога младата Кејси ќе биде регрутирана од мистериозно девојче, Атена (Рафи Касиди), кое има исклучителни способности. Таа е дел од минатото на Френк, но и покрај тоа што еднаш биле многу блиски, тие веќе одамна живеат многу далеку еден од друг.

(2) Филм: Утреземја: Светот понатаму (Tomorrowland) (3) Филм: Утреземја: Светот понатаму (Tomorrowland)

Кејси и Френк знаат тајна која малкумина ја чуле: постои свет во нашиот свет, каде што најдобрите и најголемите артисти, инвентори, инженери и мечтатели успеале да создадат подобро општество, ослободено од целото зло на Земјата. За жал вратата за Утреземјата е затворена и под постојана заштита на Гувернерот Никс (Хју Лаури), стариот ментор на Френк. Никс верува дека го штити неговиот свет од човештвото кое е на пат кон уништување, но не сфаќа дека на тој начин го осудува ова место и на пропаст.

(4) Филм: Утреземја: Светот понатаму (Tomorrowland) (5) Филм: Утреземја: Светот понатаму (Tomorrowland)

Станува збор за интересен филм со одлични ефекти кои ќе ве однесат во светот на фантазијата, во рамките на нашата планета. Оваа приказна ќе ви покаже дека секогаш постои нешто повеќе од она кое можеме да го видиме и ќе ве потсети дека дури и најлошото вреди да биде спасено и да му се даде втора шанса. На моменти сцените делуваат малку долго и токму поради тоа може да го изгубат вашето внимание, но доколку имате трпение, приказната целосно ќе ве освои.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар