Филм: Уништен град (Broken City)

Политички амбиции, корупција, неверство, убиство, местенки…

Филм: Уништен град (Broken City)Режија: Ален Хјуз

Улоги: Марк Валберг, Расел Кроу, Кетрин Зета Џонс

Времетраење: 109 минути

Јазик: англиски

Премиера: 18 јануари 2013

Жанр: крими драма, трилер

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка:1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (16 гласа, просек: 7.94 од 10)

Loading...Loading...

Уништениот град на кој алудира насловот на филмот е Њујорк, град во кој владеат политичките амбиции, бизнис интересите и корупцијата. Централна фигура во него е градоначалникот Николас Хостелтер (Расел Кроу), човекот кој сака да ги среди работите, но веќе на почетокот на филмот се добива поинаков впечаток.Филм: Уништен град (Broken City)Кога полицаецот Били Тагарт (Марк Валберг) ќе направи грешка и ќе добие обвинение за убиство на осомничен силувач и убиец при извршување на должноста, се извлекува токму благодарение на „великодушната“ помош од Хостетлер. Тогаш нема друг избор освен да се заблагодари, да ја напушти полициската служба и да продолжи со работа како приватен детектив.Филм: Уништен град (Broken City)Седум години подоцна Тагарт повторно се среќава со градоначалникот, кој овојпат сака да го ангажира во сред предизборна кампања, затоа што се сомнева дека жена му го изневерува. Тагарт успешно ја извршува задачата откривајќи дека таа тајно се гледа со Пол Ендруз, менаџерот на кампањата на противникот на Хостетлер. Ендруз наскоро ќе биде пронајден мртов, а детективот не може да седи мирен и сака да открие што навистина се случува.Филм: Уништен град (Broken City)Во „Уништен град“ е собрана извонредна актерска екипа која многу ветува, но за жал тој не е толку импресивен како некои други трилери од последниов период. Марк Валберг повторно е во улога на цврст и бестрашен човек кој сака правда, Расел Кроу е стандардно одличен во својата улога, но филмот и понатаму останува во групата на просечни трилери поради неговата предвидливост. Интересен е, но ако често гледате филмови од овој жанр ќе препознаете некои делови кои веќе се видени и не оставаат многу простор за поставување прашања околу неговиот расплет.Филм: Уништен град (Broken City)Не ја исклучуваме можноста дека „Уништен град“ ќе ве воодушеви, но ова пред сè е филм кој забавува. Не бара силна концентрација како психолошките трилери од типот на „Транс“, туку е едноставна крими-приказна која опушта.Филм: Уништен град (Broken City)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар