Филм: Убавицата и Ѕверот (Beauty and the Beast)

Филмска адаптација на цртаниот филм од Дизни со истото име

(1) Филм: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)Режија: Бил Кондон

Улоги: Ема Вотсон, Ден Стивенс, Лук Еванс, Кевин Клајн, Јуан Мекгрегор, Ијан Мекелен, Ема Томпсон

Времетраење: 129 минути

Премиера: 16 март 2017

Јазик: англиски

Жанр: фантазија, мјузикл

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (17 гласа, просек: 9.53 од 10)

Loading...Loading...

Убавицата и ѕверот, класичниот цртан филм од 90-тите години, е еден од најголемите ремек-дела некогаш направени од страна на Дизни. Гледајќи ја оваа бајка безброј пат, многу генерации растеа со пораката дека убавината е однатре, можеби дури и без да забележат дека ја научиле оваа лекција што подоцна им помогнала да се дефинираат во прекрасни личности без предрасуди. А како една од најнезаборавните приказни некогаш раскажани, таа и до ден денес покренува интерес кај младите, но и кај постарите. Токму затоа и воопшто не се изненадивме кога дознавме дека ќе се снима филм, со вистински актери, што ќе ни овозможи да ја доживееме во многу пореално светло.

(5) Филм: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)

Што се однесува до самата приказна, разликите се многу мали во однос на оригиналниот цртан филм. Карактерите добиваат мала историја, што им дава поголема длабочина, а и сите настани се раскажани во малку потемна нота, правејќи го филмот помистериозен и потежок за гледање во однос на својот претходник. Ликовите, од друга страна, се направени толку реално, што на момент недостасува онаа магија што се чувствуваше додека ги гледавме како се движат и зборуваат – сите нивни гримаси и суптилни движења ни предизвикуваа многу полесно да можеме да се поврземе и да сочувствуваме со нив. Овој пат акцентот е ставен на реалноста, па поради тоа се губи и мал дел од фантазијата. На цена на тоа, ефектите се неверојатни!

(4) Филм: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast) (3) Филм: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)

Главните ликови, Бела (Ема Вотсон) и Ѕверот (Ден Стивенс), успеваат до најмал детаљ да ја доловат романсата и љубовта која обожававме да ја гледаме како деца, па можеме слободно да кажеме дека тие ќе ви ги надминат очекувањата. Ема Вотсон е како родена за оваа улога, како оригиналната Бела да била цртана според неа. Ѕверот пак, е многу пострашен и потежок за гледање во однос на оној Ѕвер што ние научивме да го сакаме, но со оглед на тоа што хемијата меѓу нив видлива, а и лесно може да се почувствува, брзо ќе се заљубите и во него па ќе почнете да ја барате внатрешната убавина, наместо надворешната на која сите сме навикнати да се фокусираме. Впрочем тоа е и пораката на овој филм, се согласувате?

(2) Филм: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар