Филм: Транс (Trance)

Што сакате да запомните, а што сакате да заборавите?

Филм: Транс (Trance)Режија: Дени Бојл

Улоги: Џејмс МекАвој, Росарио Досон, Винсент Кесел

Времетраење: 101 минута

Јазик: англиски

Премиера: 25 април 2013

Жанр: психолошки трилер, крими драма, мистерија

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (16 гласа, просек: 8.81 од 10)

Loading...Loading...

Режисерот Дени Бојл беше отсутен долго време, уште од 2010 година кога излезе брилијантниот „127 часа“, а сега се враќа со подеднакво добар филм. Неговиот „Транс“ е крими психолошки трилер со извонредно изработена приказна која полека се расплетува исфрлајќи по некое изненадување од себе, притоа не губејќи од својот интензитет и енигматичност.Филм: Транс (Trance)Главен лик е Сајмон, аукционер на уметнички слики кој не се занимава со криминал, но во соработка со неколку криминалци краде едно скапо дело од сопствената аукциска куќа. По извршувањето на кражбата треба да им ја предаде ним, но додека бега се конфронтира со Френк (Винсент Кесел), водачот на криминалната група од кого добива удар во главата по кој се онесвестуваФилм: Транс (Trance)Кога ќе се разбуди сфаќа дека сликата не е веќе кај него, но не памети каде ја оставил. Криминалците го киднапираат, го мачат, но тој никако да се сети. Најпосле Френк му предлага да се подложи на хипноза за конечно да му текне каде се наоѓа скапото уметничко дело од кое може многу да се заработи. Немајќи друг излез, тој прифаќа и влегува во авантуристичко патување во длабочината на своите мисли, не знаејќи што сè може да излезе оттаму.Филм: Транс (Trance)Претходниот пасус би требало да ве воведе во случувањата во филмот, но немојте да се лажете дека сега знаете што ќе се случува или дека можете да погодите каков ќе биде расплетот. Режисерот Дени Бојл си играше со емоциите на гледачите во „Милионерот од предградието“ и во „127 часа“, а сега мајсторски си поигрува и со нивниот ум. Во овој психолошки трилер ќе видите такво брилијантно раслојување на комплексна приказна која постојано ќе ве изненадува со нови пресврти, па ако уживате во мистериозни психолошки трилери, тој ќе ви донесе само воодушевувањеФилм: Транс (Trance)Транс“ нема кој знае колку акција, ликовите и дијалозите се одлично изработени, а околу себе ја носи и аурата на мистериозност од хипнозата. Во секој момент го бара вашето целосно внимание, особено во сцените со хипноза, кога за момент сте во длабочините на умот на Сајмон, а во следниот се враќате во реалностаФилм: Транс (Trance)Ако уживавте во психолошки трилери, како на пример „Несакани ефекти“, и овој сигурно ќе ви се допадне. Впрочем, ќе поминете возбудливи стотина минути во кои умот ќе ви се сврти неколку пати. Ова е еден од оние филмови што ќе ви го направат ќеифот, а потоа ентузијастички ќе им го препорачувате и на другите да го гледаат. Филм: Транс (Trance)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар