Филм: Работата со лешникот (The Nut Job)

Филм: Работата со лешникот (The Nut Job)

Филм за пријателството претставено преку очите на животните

Филм: Работата со лешникот (The Nut Job)Режија: Питер Лепениопис

Гласови: Вил Арнет, Брендан Фрејзер, Лијам Нисон, Кетерин Хејгл

Времетраење: 85 минути

Јазик: англиски

Премиера: 17 јануари 2014

Жанр: анимација, авантура, комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (22 гласа, просек: 8,77 од 10)
Loading...

„The Nut Job“ е еден од филмовите од оваа година за кој се верува дека ќе стане голем хит. Овој анимиран филм е одличен доколку имате малку слободно време, а не сте расположени за филмови со тешка тематика. Бидејќи е лесен за гледање и во центарот на приказната се наоѓа пријателската љубов ви препорачуваме да го гледате со вашите најблиски пријатели.

Филм: Работата со лешникот (The Nut Job)Филм: Работата со лешникот (The Nut Job)

Сè започнува во паркот на еден голем град, каде што група животни се плашат дека нема да можат да ја преживеат зимата бидејќи немаат доволно храна. Во потрага по лешници, Енди (Кетерин Хејгл) и Грејсон (Брендан Фрејзер) налетуваат на озлогласената верверичка Сирли (Вил Арнет). Сирли е познат по својата себичност и како личност на која не треба да ѝ се верува. Тој се грижи само за себе и не верува во пријателство. Покрај Сирли постојано можете да го видите и тивкиот Бади, малото и слатко глувче кое безусловно му помага, но на никој не му е јасно зошто бидејќи тој воопшто не го почитува.

Филм: Работата со лешникот (The Nut Job) Филм: Работата со лешникот (The Nut Job)

Сирли бил постојано осудуван за злоделата кој ѝ ги правел на заедницата. Но, овој пат, по сплет на околности, откако ќе ги запали сите резерви на храна кои ги имаа животните за зимата, ракунот, кој е нивниот лидер, без шанса за фер судење, ќе го прогони од паркот. Токму затоа Сирли ќе биде приморан да живее во големиот град каде што опасноста се крие зад секој агол. Бади ќе сака да дојде со него, но Сирли ќе го избрка велејќи му дека ова е негова казна и дека не му треба никој покрај него.

Филм: Работата со лешникот (The Nut Job) Филм: Работата со лешникот (The Nut Job)

Секако, Бади како вистински пријател кој знае што му е потребно на оној кој му значи, ќе почне да го следи Сирли и покрај неговите закани. Благодарение на упорноста на својот пријател, Сирли ќе добие вистинска шанса за преживување во големиот и постојано буден град. Но, она што е навистина интересно е дека во својата неверојатна авантура, Сирли полека ќе почне да се предизвикува себеси на начини на кој претходно не можел ни да ги замисли, како и да ги открива вистинските богатства во животот.

Филм: Работата со лешникот (The Nut Job) Филм: Работата со лешникот (The Nut Job)

Покрај приказната за верверичките и нивните животни пријатели, паралелно се одвива и приказната за група луѓе кои се обидуваат да ограбат банка. Плановите на луѓето целосно ќе се испреплетат со плановите на животните, а тоа ќе доведе до дополнителни заплети кои ќе ве насмеат, но и кои ќе ви го задржат вашето внимание до самиот крај. Исто така ќе ви покажат и дека понекогаш навистина не можеме да знаеме кој е „злобникот“ во одредена ситуација, а кој е оној кој навистина сака да помогне. Токму затоа треба внимателно да ги одбирате вашите пријатели како и луѓето на кои неизмерно им верувате.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар