Филм: Превртено (Upside Down)

Романтична приказна сместена во свет од фантазијата

(1) Филм: Превртено (Upside Down)Режија: Хуан Соланас

Улоги: Кирстен Данст, Џим Старџис, Тимоти Спол

Времетраење: 100 минути

Јазик: англиски

Премиера: 25 април 2013

Жанр: романса, фантазија, драма

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (30 гласа, просек: 9.30 од 10)

Loading...Loading...

„Превртено“ е романса која има два силни адути за накратко да ве изнесе од реалноста: дејството кое носи беспоштедна борба за љубов и беспрекорните визуелни ефекти со кои е изграден нереалниот свет во кој тоа се одвива. Иако за овој жанр не се карактеристични компјутерски шминкања на сценографијата од ваков размер, нивното присуство на филмот му давааат бајковитост која не сме ја гледале во романтичните драми и може да ве заглави во „другиот“ свет во оние 100 минути.(2) Филм: Превртено (Upside Down)Лесно ќе го разберете тој свет од фантазијата затоа што филмот почнува со кратка лекција по физика за да знаете што ќе гледате. Тој се состои од две планети споени една со друга преку зградата на големата компанија Трансворлд, а секоја од планетите има своја гравитација која што дејствува само врз сопствените жители. На едната планета, во Горниот свет, луѓето живеат во изобилие, а оние од Долниот свет се сиромашни.(3) Филм: Превртено (Upside Down)Адам (Џим Старџис) е сираче од Долниот свет кој играјќи си еден ден ќе се искачи на планина која е многу блиску до Горниот свет. Таму, но на горната страна, првпат ќе ја сретне Идн (Кирстен Данст). По неколку години на истото место ќе се вљубат еден во друг и ќе почнат тајно да се гледаат затоа што љубовта меѓу луѓе од два различни света е забранета. Ќе создадат своја сопствена вселена на местото каде што првпат се сретнале и ќе уживаат во неа. Тоа трае сè додека граничните служби не ги откријат, кога во обидот да побегнат секој на својата страна Идн ќе падне назад на Горниот свет и ќе остане да лежи неподвижно.(4) Филм: Превртено (Upside Down)Адам не знае што се случува со неа. Поминуваат години, тој продолжува со животот, добива ретка можност да работи за Трансворлд, но сè уште не знае ништо за неа. Работите се менуваат кога случајно дознава дека таа работи во истата компанија, но во делот кој припаѓа на Горниот свет. Поради оживувањето на спомените добива полетност која го тера што побргу да се види со неа, но кога тоа конечно ќе се случи Идн не се сеќава на него. Од дамнешниот пад ја загубила меморијата и знае само за животот после тоа. Адам останува разочаран, но има нешто кое не му дава да седи настрана и започнува да се бори за да си ја врати назад најголемата љубов во неговиот живот.(5) Филм: Превртено (Upside Down)Веќе насетувате дека приказната се врти околу стереотипот за момче од сиромашниот општествен слој и девојка од високата богата класа кои љубовта ги тера да ги прекршат општествените правила за да го најдат мирот во сопствените прегратки. И не сте далеку од вистината, иако приказната на моменти го избегнува тоа клише благодарение на тоа што тој нереален свет од фантазијата наметнува некои елементи кои ѝ даваат необичност.(6) Филм: Превртено (Upside Down)Како и да е, тој многу веројатно ќе успее да ве обземе со обвивката од брилијантни визуелни ефекти кои бездруго ќе ве однесат во вселената која ја замислил режисерот и сценарист Хуан Соланас, сакале вие да ја гледате таа иста приказна и во овој филм или не. Кога таа би била пооригинална ова би бил фантастичен филм, но и вака е необична романтична драма која вреди да се погледне.(7) Филм: Превртено (Upside Down)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Данчо Reply

    Романтична приказна сместена во свет од фантазијата…
    Романтиката постои само во фантазијата? 😀

Остави коментар