Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)

Еден поинаков поглед на финансиската криза што ја потресе светската економија…

Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Режија: Џеј Си Чандор

Улоги: Кевин Спејси, Деми Мур, Џереми Ајронс, Захари Квинто, Пол Бетани, Стенли Тучи, Мери Мекдонел

Времетраење: 107 минути

Јазик: англиски

Премиера: 29 септември 2011, Германија

Жанр: трилер, драма

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 8.42 од 10)

Loading...Loading...

Историски нестабилен индекс, масовни отпуштања, колапс на фирмите – ова се предвесниците на финансиската криза што ја здрма светската економија, овој пат прикажани низ емоциите на вработени во американска инвестициска компанија, преплавена со хипотекарни хартии од вредност. Филмот изобилува со комплицирани реплики, но истите се ставени во сенка на емоциите, така што, гарантираме дека ќе ви се допадне, без разлика на вашите познавања за сериозните економски параметри.

И улогите се внимателно извајани и доверени на вистинските холивудски актери. Ликовите се максимално воздржани, со смирени тонови и во нивните разговори преовладува разумот. Можеби токму недостатокот на експлозивни одлучувачки моменти на драма и неизвесност, карактеристични за една панична ситуација од големи размери, го вбројува филмот во еден од подобрите кои ја обработуваат оваа тематика.Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Но, категоријата трилер која му се припишува и не е баш оправдана, бидејќи тензијата како да не ја прави сериозноста на ситуацијата, туку затворениот простор во кој се случува безмалку целото дејство во филмот, кое започнува со отпуштањето на еден од главните финансиски аналитичари во фирмата, Ерик Дејл (Стенли Тучи). Тој во секунда ги губи сите свои привилегии и контакти, така што не успева да ја заврши започнатата задача, која на заминување, пред да ја напушти зградата, одлучува да му ја довери на новиот колега во одделот, 29-годишниот Питер Саливан (Захари Квинто), нагласувајќи му да биде внимателен.

Посветениот млад брокер, нема да му одолее на предизвикот и веднаш ќе започне да ги дешифрира бројките. Она што ќе го открие, ќе ги шокира сите. На нозе ќе го крене целиот врв на компанијата, кој ќе се впушти во ризична 24-часовна авантура…Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Да, точно е дека се појавија бројни филмски остварувања, кои на еден или на друг начин ја отсликуваат светската економска криза и можеби звучат попривлечно и поубедувачки, но верувајте ова отскокнува, не само заради екипата собрана во него, туку и заради начинот на кој се третира овој глобален проблем.

Ако ве интересира како започна кризата и како компаниите тргуваа во целиот тој хаос, тогаш не е лошо да му дадете шанса и на филмското деби на сценаристот и режисерот, Чандор. „Margin Call“ преку еден поинаков пристап ќе ви долови барем дел од атмосферата во компаниите на кои во 2008-та им „гореше под нозете“. Сè на сè, одлична приказна за претворањето на врвните светски компании во очајни трговци на безвредни недвижнини, со цел да го спасат своето богатство, за сметка на маката на обичните граѓани.Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)Филм: Предупредувачки повик (Margin Call)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар