Филм: Побунети (Insurgent)

Второто продолжение од трилогијата „Различна“

(1) Филм: Побунети (Insurgent)Режија: Роберт Швентка

Улоги: Шејлин Вудли, Тео Џејмс, Кејт Винслент

Времетраење: 119 минути

Јазик: англиски

Премиера: 20 март 2015

Жанр: авантура, трилер, научна фантастика

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (31 гласа, просек: 9.32 од 10)

Loading...Loading...

Доколку сте љубители на првиот дел, „Divergent“, или на трилогијата книги со истото име, тогаш со сигурност и без сомнение ќе ви се допадне и вториот дел. Оние кои ги имаат прочитано книгите, веднаш ќе забележат огромни промени во приказната, како додавањето на кутијата која Џанин (Кејт Винслент) се обидува да ја отвори во текот на целиот филм. Но, сепак тоа ни најмалку не ја нарушува приказната, баш напротив, ни покажува една сосема нова и свежа перспектива кон вистинското значење на она што значи да се биде Различен.

(2) Филм: Побунети (Insurgent) (3) Филм: Побунети (Insurgent)

Приказната започнува онаму каде што заврши првиот дел. Трис (Шејлин Вудли) и Фор (Тео Џејмс) се во бегство и се кријат кај „Добродушните“. Уште веднаш може да се забележи внатрешната битка на Трис која воопшто не може да си прости за смртта на нејзините родители, ниту пак за убиството на нејзиниот пријател, Вил. Таа се обвинува себеси, верувајќи дека сите кои ќе ѝ се доближат се осудени на смрт, па токму затоа уште потешко се снаоѓа во она што се бара од неа за да преживее.

(4) Филм: Побунети (Insurgent) (5) Филм: Побунети (Insurgent)

Целата приказна е повторно насочена кон Трис, која во првиот дел ни покажа дека може да биде силна и бестрашна, но во овој дел гледаме една сосема спротивна страна од неа – ранлива и исплашена. Таа се труди да им покаже на сите дека е храбра, и покрај сè, дека не се плаши дури ни од смртта, но сепак внатре во неа има разорно чувство кое бара за промена да може да се потпре на некој друг. Да, филмот не може да ни ги покаже сите емоции како книгата, но сепак ни дава добра слика за нејзината внатрешна битка, за тајните кои ги крие Фор, како и за убеденоста на сите луѓе од овој град да го направат она што тие мислат дека е најдобро за општеството, без разлика дали тоа значи и негов крај.

(6) Филм: Побунети (Insurgent) (7) Филм: Побунети (Insurgent)

Актерите повторно брилијантно ги одигруваат своите улоги, овозможувајќи ни најдобро што можеме да го доживееме она што ликовите го чувствуваат во тој момент. Од друга страна пак, ефектите се извонредни и ги носат симулациите на сосема ново ниво. Накратко, филмот е прекрасен и дефинитивно вреди да издвоите малку време за него. Но, доколку сè уште го немате гледано првиот дел, ви препорачуваме тоа да го сторите веднаш, бидејќи не знаете што пропуштате!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар