Филм: Пиратите од Карибите: Одмаздата на Салазар (Pirates of the Caribbean: Dead Men Tell No Tales)

Кој прв ќе го најде Тридентот на Посејдон, што ја содржи моќта на морето?

(1) film-piratite-od-karibite-odmazdata-na-salazar-pirates-of-the-caribbean-dead-men-tell-no-tales-www.kafepauza.mkРежија: Хаоким Ронинг, Еспен Сендберг

Улоги: Џони Деп, Џефри Раш, Хавиер Бардем

Времетраење: 129 минути

Премиера: 25 мај 2017

Јазик: англиски

Жанр: акција, авантура, фантазија

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (15 гласа, просек: 8.13 од 10)

Loading...Loading...

 

Дали можеме да кажеме дека некоја приказна е едноставно целосно потрошена, раскажана од сите страни, на сите можни начини и сè дополнително што ќе видиме за неа ќе биде доживеано како дежаву? Или пак, можеби сè зависи од раскажувачот и неговата фантазија, односно од способноста да се најде нов агол што ќе нè одведе во сосема поинаква насока? Кој и да е одговорот на овие прашања, има еден мал проблем со новото и долго очекувано продолжение на Пиратите од Карибите – секоја сцена во филмот делува веќе видено, сите ликови наликуваат на оние што веќе сме ги сретнале во претходните делови, а содржината… како тематиката од претходните делови да е исечкана на парчиња и да ни е прераскажана со други зборови. И најчудното нешто од сè – каде е Џек Спероу во овој филм? Можеби филмот требаше да има малку поинакво име, нешто како на пример, Пиратите од Карибите: Нова генерација, за да нè подготви за присуството на новите и млади ликови, а отсуството на оние што ни се мили и драги и поради кои сите ние отидовме во кино за да го гледаме филмот…

(6) film-piratite-od-karibite-odmazdata-na-salazar-pirates-of-the-caribbean-dead-men-tell-no-tales-www.kafepauza.mk(4) film-piratite-od-karibite-odmazdata-na-salazar-pirates-of-the-caribbean-dead-men-tell-no-tales-www.kafepauza.mk

Што се однесува до приказната, уште еднаш ќе повторам – не е ништо што не сме го виделе досега. Но тоа не значи дека не вреди да се погледне. Филмот има светли точки, како неверојатните ефекти и урнебесните моменти што ќе ве натераат громогласно да се насмеете. Сепак да ве предупредам, претежно ќе бидете во исчекување на Џек Спероу, кој изгледа како да има споредна улога во овој филм… Што се случува во овој филм? Во кратки црти, полумртвиот/полуживиот капетан Салазар и неговиот екипаж од морнари духови се во потрага по Џек Спероу, кој го потонал нивниот брод во Ѓаволскиот триаголник пред многу години. Салазар не само што сака да го убие Џек, тој исто така сака да ги истреби и сите пирати на карипските води. За да го стори тоа, потребен му е Тридентот на Посејдон, што ја содржи моќта на морето. Покрај Салазар, и Хенри (синот на Вил и Елизабет) го бара овој тридент, за да го спаси животот на татко си, кој сите ние добро знаеме каде е заглавен. Нему пак, ќе му помага младата Карина, што ја сметаат за вештерка, иако во реалноста е научник. И Џек Спероу ќе се најде во оваа комбинација, но не онака како што ние би сакале…

(2) film-piratite-od-karibite-odmazdata-na-salazar-pirates-of-the-caribbean-dead-men-tell-no-tales-www.kafepauza.mk (5) film-piratite-od-karibite-odmazdata-na-salazar-pirates-of-the-caribbean-dead-men-tell-no-tales-www.kafepauza.mk

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар