Филм: Пиксели (Pixels)

Филм: Пиксели (Pixels)

Вонземјани ја напаѓаат Земјата со карактери од ретро видео игри

(2) Филм: Пиксели (Pixels)Режија: Крис Колумбус

Улоги: Адам Сендлер, Кевин Џејмс, Мишел Монахан

Времетраење: 106 минути

Јазик: англиски

Премиера: 24 јули 2015

Жанр: акција, комедија, научна фантастика

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 7,29 од 10)
Loading...

Станува збор за смешна и лесна комедија која е одлична за одморање на вашиот мозок. Овој филм е типичен за стилот на Адам Сендлер, со малку поголема креативност во приказната од вообичаено. Настаните започнуваат во минатото, кога Бренер (Адам Сендлер) е момче кое има исклучителна дарба за видео игри. Тој дури и ќе учествува на првиот меѓународен натпревар, каде што ќе се натпреварува во видео игри како Пекмен и Донки конг.

(3) Филм: Пиксели (Pixels)

Овој натпревар ќе биде сниман од страна на НАСА, кој потоа заедно со други снимки и поздрави од познати ликови ширум светот ќе биде испратен преку сонда во длабоката вселена. Иако намерата на овие пораки е добронамерна, една раса вонземјани ќе ја сфати како закана и токму затоа ќе се подготват да возвратат со иста мера – преку познатите карактери од видео игрите. Но, во денешно време кој го помни нивното постоење?

(4) Филм: Пиксели (Pixels)

Бренер ќе биде единствениот кој ќе ја препознае шемата на движење на нападите и ќе го предупреди претседателот, кој истовремено е и негов најдобар пријател, со цел да се обиде да го спаси човештвото. Токму во тој момент ќе настане тим од шампиони во ретро видео игри кои ќе им се спротивстават на вонземјаните и ќе им покажат дека нема подобри гејмери од луѓето. Барем не во овие видео игри…

(5) Филм: Пиксели (Pixels)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар