Филм: Оргазам (The Little Death)

Необичните сексуални животи на четири парови надополнети со добра доза хумор

1-film-orgazam-the-little-death-kafepauza.mkРежија: Џош Лосон

Улоги: Бојана Новаковиќ, Дејмон Хериман, Џош Лосон

Времетраење: 96 минути

Јазик: англиски

Премиера: 25 септември 2014

Жанр: комедија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 8.30 од 10)

Loading...Loading...

Конечно комедија за возрасни која е навистина смешна и забавна за гледање. Се работи за прво сценарио и режија на австралискиот актер Џош Лосон. Иако критичарите не ја фалат многу неговата дебитантска работа, би рекле дека сепак се работи за добро прво остварување, кое нуди лесна приказна, прецизна структура, забавно дејство и интересен пресврт кон крајот кој е заслужен за добриот впечаток со кој ќе ги дочекате имињата на крајот од филмот.

01-film-orgazam-the-little-death-kafepauza.mk

The Little Death е всушност фраза која значи оргазам. Ова јасно ни е ставено до знаење на почетокот на филмот, а потоа веднаш почнуваме да се запознаваме со необичните сексуални фетиши и фантазии на 4 млади и средовечни парови.

Мејв има желба да биде силувана, и тоа од непознат силувач со цел да може да почувствува како се чувствуваат жените кои поминуваат низ тоа ужасно искуство. Во една прилика тоа ќе го побара од нејзиниот партнер Пол, кој има нескротлива потреба да ги задоволи сите нејзини желби.

2-film-orgazam-the-little-death-kafepauza.mk0-1-film-orgazam-the-little-death-kafepauza.mk

Фил и Морин ја изгубиле конекцијата која некогаш ја имале, а тоа секако се одразува и на нивниот сексуален живот. Проблемот е во тоа што Фил сака да биде интимен со својата сопруга додека таа спие, што на Морин воопшто не ѝ доаѓа ни на крај памет да прифати.

3-film-orgazam-the-little-death-kafepauza.mk 4-film-orgazam-the-little-death-kafepauza.mk

Ровена сфаќа дека се возбудува секогаш која нејзиниот маж ќе пушти солза и се обидува на секој можен начин да го одржи тажен, додека Иви и Дејн, по советувањето што го посетуваат со цел да го подобрат својот брак, почнуваат да се занимаваат со играње улоги, секако во сексот. Проблемот настанува во моментот кога Дејн почнува да се гледа себеси како вистински актер и заборава која е целта на тие сцени кои самиот ги пишува.

Richard (Patrick Brammall) and Rowena (Kate Box) in a scene from THE LITTLE DEATH, directed by Josh Lawson In cinemas September 25, 2014 An Entertainment One Films release For more information contact rbraye@entonegroup.com

Сите нив ги поврзува еден чуден сосед, кој е всушност федерален престапник обвинет за силување, а иако сосема ненаметливо и споредно, се запознаваме со уште еден пар кој комуницира преку сервис за превод на глуви, кој воедно и го носи најубавиот пресврт во филмот.

6-film-orgazam-the-little-death-kafepauza.mk 7-film-orgazam-the-little-death-kafepauza.mk

Во „Оргазам“ се обработуваат сексот, врските, бракот, пријателствата, фантазиите, фетишите, фобиите и табуата. „Дознаваме“ колку е нормално да се посакуваат „чудни“ нешта во сексот, но и какви последици носи секоја таква фантазија.

Иако на моменти предвидлив, филмот е одлично забавно пакување од 96 минути кое особено ќе им се допадне на паровите. По малку едукативен, тематски добро насочен и со хумор кој навистина тера на смеење, „Оргазам“ е нашата „жешка“ препорака за овој викенд.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар