Филм: Огледало на смртта (Oculus)

Филм: Огледало на смртта (Oculus)

Кога човек се соочува со сопствените демони…

Филм: Огледало на смртта (Oculus)Режија: Мајк Фланаган

Улоги: Карен Гилан, Брентон Твејтс, Кејти Сакоф

Времетраење: 104 минути

Јазик: англиски

Премиера: 11 април 2014

Жанр: хорор, трилер

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (17 гласа, просек: 8,35 од 10)
Loading...

Моментот кога сакате да седнете да гледате филм и сакате тоа да биде хорор може лесно да ве наведе да му се препуштите на „Огледало на смртта“, но прашање е колку тоа ќе го задоволи вашиот апетит за страшни сцени. Не дека ги нема во овој филм, напротив, но малку се и се ставени во служба на градење и засилување на тензијата. „Огледало на смртта“ е повеќе трилер отколку хорор, филм којшто претставува освежување во поглед на оригиналноста на приказната и начинот не нејзиното раскажување, но плашењето на гледачот овој пат е во втор план.

Филм: Огледало на смртта (Oculus)

Приказната е пренесена преку патувања од сегашноста во минатото и назад во текот на целото дејство. Таа започнува кога 21-годишниот Тим е пуштен од психијатриска установа каде што ја поминал целата своја адолесценција поради тоа што го убил својот татко веднаш откако овој ја убил неговата мајка. Неговата сестра Кејли е пресреќна поради неговото излегување, не само поради тоа што го сака својот брат туку и поради тоа што сега тие ќе можат да го исполнат своето ветување – да докажат дека одговорноста за злосторствата лежи кај демон кој се крие во огледало кое тогаш стоело во нивната куќа.

Филм: Огледало на смртта (Oculus)

Како што веќе спомнавме, филмот постојано ве носи напред-назад во времето со цел подобро да ги разјасни настаните што се случиле во таа ноќ пред 11 години кога членовите на ова семејство почнале да убиваат меѓу себе. Истовремено, тоа служи и да го објасни евентуалното влијание на огледалото во сите тие настани. Тоа е еден од начините на кои „Огледало на смртта“ ги избегнува хорор клишеата. Вториот начин е играта со умот на гледачот, не дозволувајќи му да биде сигурен што е реалност а што илузија. Ниту главните ликови не можат секогаш добро да ја перципираат стварноста, така што нивната одлична глума секако дека има удел во тоа.

Филм: Огледало на смртта (Oculus)

Сè на сè, „Огледало на смртта“ е интересен филм којшто ќе им се допадне на оние кои бараат добра мешавина од жанрот хорор со психолошки трилер. Ако ви се допадне, може да ве израдува тоа што крајот е така направен што може од него да се очекуваат и повеќе продолженија.

Филм: Огледало на смртта (Oculus)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Hana* Reply

    Preubav film

  2. ForzaNapoli Reply

    Ubav film no so mnogu ” cuden / tazen ” kraj 🙁

Напиши одговор на ForzaNapoli Откажи одговор