Филм: Ноемвриски човек (The November Man)

Филм: Ноемвриски човек (The November Man)

Го викале Ноемвриски човек, бидејќи кога тој ќе поминел некаде, зад него ништо не останувало живо

(1) Филм: Ноемвриски човек (The November Man)Режија: Роџер Доналдсон

Улоги: Пирс Броснан, Лук Брејси, Олга Куриленко

Времетраење: 108 минути

Јазик: англиски

Премиера: 27 август 2014

Жанр: акција, криминал, трилер

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 9,40 од 10)
Loading...

Без сомнение на Пирс Броснан му лежат филмовите со оваа тематика, па токму затоа можеме слободно да кажеме дека тој е една од најголемите причини зошто овој филм вреди да се гледа. Станува збор за поранешен агент од ЦИА, Девероу (Пирс Броснан), кој ќе биде ненадејно повикан да помогне со еден специфичен случај кој ќе тргне целосно наопаку. Тој ќе биде изигран од страна на „главните“ и ќе изгуби една од малкуте личности кои навистина му се важни во неговиот живот.

(2) Филм: Човекот Ноември (The November Man) (3) Филм: Човекот Ноември (The November Man)

За работите да бидат уште полоши, тој ќе се најде на спротивната страна од нишанот со неговиот поранешен ученик, Мејсон, кој во него на времето не гледал само ментор, туку и голем човек. Но, помеѓу нив се случило нешто застрашувачко и тие веќе подолго време не зборуваат, па брзо ќе забележите и дека Мејсон го презира, додека истовремено сè уште сака да го воодушеви. Токму затоа и тој ќе направи неколку грешки кои ниту еден агент не би требало да си ги дозволи.

(4) Филм: Човекот Ноември (The November Man) (5) Филм: Човекот Ноември (The November Man)

„The November Man“ е исполнет со многу акција и бара од вас внимателно да ги следите настаните со цел да ги забележите „знаците“ кои водат кон разрешување на мистеријата со која тие се соочени. Доколку активно го гледате филмот, вие многу брзо ќе забележите кој е виновникот за целата ситуација, на чија страна е навистина Мејсон и најважно од сè, која е Алис и како е таа поврзана со Мира. Работите не се онакви како што изгледаат, па како и секогаш претходно, истото може да се забележи и во овој филм…

(6) Филм: Човекот Ноември (The November Man) (7) Филм: Човекот Ноември (The November Man)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар