Филм: Нагази и бегај (Hit and Run)

Филм: Нагази и бегај (Hit and Run)

Бркотници со автомобили, малку романтика и многу забава

Филм: Нагази и бегај (Hit and Run)Режија: Дејвид Палмер, Декс Шепард

Улоги: Декс Шепард, Кристен Бел, Бредли Купер

Времетраење: 100 минути

Јазик: англиски

Премиера: 22 август 2012

Жанр: акција, романтична комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (21 гласа, просек: 7,81 од 10)
Loading...

Ова е еден од оние лесни и забавни филмови кои неосетно го привлекуваат вашето внимание додека ги гледате, ве орасположуваат, а потоа ве држат позитивни уште неколку часа. Нагази и бегај (Hit and Run) е многу едноставен филм чија цел е добро да ве забавува и целосно успева во тоа.

Филм: Нагази и бегај (Hit and Run)

Приказната се врти околу Чарли Бронсон (Декс Шепард), поранешен криминалец кој живее мирен и чесен живот како дел од програмата за заштитени сведоци во малото гратче Милтон. Кога неговата свршеница Ени (Кристен Бел) ќе добие работа од соништата во Лос Анџелес, тоа ќе значи дека или ќе мора да се раздели со неа или да отиде во градот каде што некој чека да го убие.

Тој не сака да ѝ пречи на Ени во остварувањето на својот сон и ќе ризикува со патување до Лос Анџелес. Тоа нема да изгледа многу страшно пред да тргнат, но кога поранешното момче на Ени, кој сè уште е опседнат со неа, ќе ги извести „старите пријатели“ на Чарли дека тој пристигнува во градот, работите ќе се заплеткаат.

Филм: Нагази и бегај (Hit and Run)

За време на сите сто минути екранот е окупиран со слики од убавата и сончева Калифорнија, воглавно згодни актерки и актери и убави автомобили. Филмот е комбинација од неколку работи. Исполнет е со многу бркотници со автомобили проследени со пукотници, но сето тоа е во служба на забавата која тој ја сервира. Во него има и голема доза хумор кој се базира главно на стереотипи кои се присутни во американското општество, така што може да биде малку неразбирлив за просечен македонски гледач. И секако, романсата меѓи Чарли и Ени.

Филм: Нагази и бегај (Hit and Run)

Нагази и бегај (Hit and Run) е одличен, гледлив филм со кој нема да ви биде здодевно. Насловот не е многу познат заради слабиот маркетинг, но тој го заслужува вашето внимание. Направете пуканки, соберете друштво и уживајте во ова возбудливо филмско возење.

Филм: Нагази и бегај (Hit and Run)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар