Филм: Љубов (Amour)

Филм за силата на љубовта кога ѝ се гледа крајот

Филм: Љубов (Amour)Режија: Михаел Ханеке

Улоги: Жан-Луј Трентињан, Емануел Рива, Изабел Ипер

Времетраење: 127 минути

Јазик: француски

Премиера: 20 септември 2012

Жанр: драма, романса

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (19 гласа, просек: 9.68 од 10)

Loading...Loading...

Нема да помине долго време додека да сфатите зошто филмот носи ваков наслов. Уште во првите неколку сцени, дури и низ баналната секојдневна рутина на двата главни лика, ќе почувствувате дека и после толку многу години тие сè уште се сакаат. Љубовта меѓу нив се чувствува додека разговараат, додека заедно уживаат во концерти, или додека Жорж џентлменски внимава на својата сопруга.

Филм: Љубов (Amour)

Жорж (Жан-Луј Трентињан) и Ан (Емануел Рива) се брачен пар во своите осумдесетти години од животот. И двајцата се професори по музика кои цел живот се во брак, заедно созревале, заедно остареле, а сега спокојно ги минуваат пензионерските денови. Така ќе биде сè додека едно утро Ан не доживее мал срцев удар. Таа ќе мора да оди на операција, но откако тоа ќе помине лошо, нејзината здравствена состојба постојано ќе се влошува. Јасно е дека Ан последните години од животот ќе ги помине врзана за кревет, а Жорж ќе мора да најде начин како да ѝ помогне, но и како самиот да се справи со состојбата на својата сакана сопруга.

Филм: Љубов (Amour)

Драмата што следува потоа е различна од онаа во останатите романтични филмови. Тие обично ги следат двата главни лика додека да бидат заедно за првпат, но завршуваат токму навреме кога можат да излезат првите проблеми меѓу нив. „Љубов“ (Amour) е филм кој започнува токму од таа точка, кога страста веќе ја нема, а љубовта која останала да живее е ставена на нејсериозниот тест дотогаш.

Филм: Љубов (Amour)

Режисерот Ханеке им дал извесна слобода на Жан-Луј Трентињан и Емануел Рива да ги обликуваат докрај своите ликови, а тие му вратиле со извонреден перформанс кој одлично ја одржува тензијата во филмот.

Филм: Љубов (Amour)

Ова несомнено е еден од најдобрите филмови од 2012 година. Веќе собра еден куп награди, меѓу кои и Златна палма на Канскиот фестивал, а има и неколку номинации за Оскар. Ако решите да го гледате, не треба да очекувате површна бајка во која брзо ќе се препознаете и ќе ѝ го предвидите крајот. Бидете сконцентрирани, трпеливи, и на крај ќе добиете награда во облик на уникатно филмско емоционално возење.

Филм: Љубов (Amour)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Филм за силата на љубовта кога ѝ се гледа крајот…
За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар