Филм: Лавиринт: Бегство низ пустошот (Maze Runner: The Scorch Trials)

Филм: Лавиринт: Бегство низ пустошот (Maze Runner: The Scorch Trials)

По бегството од лавиринтот, тие треба да се соочат со опасностите од опустошената Земја

(1) Филм: Лавиринт: Бегство низ пустошот (Maze Runner: The Scorch Trials)Режија: Вес Бол

Улоги: Дилан Обрајан, Ки Хонг Ли, Каја Скоделарио, Томас Броуди-Сангстер

Времетраење: 131 минути

Јазик: англиски

Премиера: 10 септември 2015

Жанр: акција, трилер, научна фантастика

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (20 гласа, просек: 9,55 од 10)
Loading...

Доколку ви се допаднал првиот дел, Лавиринт: Невозможно бегство, тогаш големи се шансите дека овој ќе ви се допадне уште повеќе. Станува збор за динамичен филм, кој изобилува со акција и кој постојано ќе ве држи на работ од вашето столче. Со оглед на интензитетот и брзината на настаните, вие едвај ќе имате време за дишење, исто како и главните ликови. Приказната добива сосема нов тек, бидејќи надвор од лавиринтот ништо не е онака како што изгледа. Земјата е скоро уништена, додека вирусот разорува сè пред себе. Временските услови се екстремни, а преживеаните луѓе се грижат само за себе, бидејќи знаат дека не постои друг начин на кој би можеле да останат во живот. Со неколку зборови: сè е сменето!

(2) Филм: Лавиринт: Бегство низ пустошот (Maze Runner: The Scorch Trials) (3) Филм: Лавиринт: Бегство низ пустошот (Maze Runner: The Scorch Trials)

Дејството започнува онаму каде што заврши првиот филм. Групата деца кои избегаа од лавиринтот, на чело со Томас, се спасени од војска и одведени во засолниште. Тие таму откриваат дека не се единствените кои биле тестирани на таков начин, запознавајќи поголема група деца кои исто така се имуни на вирусот кој владее со планетата. И покрај тоа што оние кои раководат со оваа установа им велат дека тие набрзо ќе бидат пренесени на безбедно, Томас чувствува дека нешто не е во ред. Дали тие навистина избегаа од ВИКИД или можеби сè ова e поврзано?

(4) Филм: Лавиринт: Бегство низ пустошот (Maze Runner: The Scorch Trials) (5) Филм: Лавиринт: Бегство низ пустошот (Maze Runner: The Scorch Trials)

Не ви откриваме ништо повеќе, но дефинитивно ви препорачуваме што побрзо да го погледнете овој одличен филм. Вие не само што ќе се изгубите во приказната, туку и ќе почнете да размислувате што би направиле на местото на овие ликови… Токму тоа и ќе ве натера да сочувствувате со нив, како и да се ставите на нивно место – а тоа е нешто кое мал број филмови успеваат да го поттикнат во нас. Исто така, премиерата во Македонија е една недела пред светската премиера, па искористете ја оваа можност. За крај, ако одлучите да го гледате, одвојте време претходно и за првиот, бидејќи сè е поврзано и има шанси да не можете да го следите активно доколку сте ги заборавиле деталите од претходниот дел.

(6) Филм: Лавиринт: Бегство низ пустошот (Maze Runner: The Scorch Trials) (7) Филм: Лавиринт: Бегство низ пустошот (Maze Runner: The Scorch Trials)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    premnogu dobar film moja preporaka

Остави коментар