Филм: Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom)

Филм за наивната младешка љубов и потребата од бегство од стегите

Филм: Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom)Режија: Вес Андерсон

Улоги: Џеред Гилман, Кара Хејворд, Брус Вилис, Едвард Нортон, Тилда Свинтон, Бил Мјуреј

Времетраење: 93 минути

Јазик: англиски

Премиера: 29 јуни 2012

Жанр: драма, романса

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (22 гласа, просек: 7.32 од 10)

Loading...Loading...

Овој филм е ремек дело. Холивуд најчесто е зафатен со производство на филмови кои оставаат солиден прв впечаток но брзо се забораваат, но одвреме – навреме се појавува и по некој како Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom) кој лесно ги маѓепсува гледачите, но уште полесно прави до го запаметат. Филмот раскажува приказна за две деца на возраст од 12 години, кои водени од меѓусебната љубов ќе побегнат од строгите стеги на околината за да уживаат во свет кој самите го дизајнираат за себе. Сето тоа е толку добро доловено од режисерот Вес Андерсон, што човек може да запраша дали е дванаесетгодишник заробен во тело на возрасен човек кој раскажува своја приказна или само предобро се сеќава на спомените од кои сега создава врно филмско дело.Филм: Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom)Сем (Џеред Гилман) е сираче кое во шеесеттите години на минатиот век посетува летен камп за извидници на еден мал остров на источниот брег на САД, во време кога неговите старатели веќе не сакаат да го примат назад. Сузи живее на истиот остров со своите родители – адвокати, но е подеднакво оддалечена од нив исто како и Сем. Тие двајцата се сретнале една година претходно, а во меѓувреме редовно се допишуваат. Ќе се договорат ова лето, кога Сем ќе дојде на островот, да побегнат од светот кој веќе тешко го поднесуваат. Откако ќе го сторат тоа, сите ќе се впуштат во потрага по нив.Филм: Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom)Додека трае потрагата ги гледаме родителите на Сузи, водачот на извидничкиот одред (Едвард Нортон), шерифот (Брус Вилис) и госпоѓата „Социјален Работник“ (Тилда Свинтон), како претставници на одредени сегменти од општеството кои избезумено се трудат да ги вратат на прав пат децата кои преку бегството се бараат себе си. Преку повеќе различни животни приказни кои ќе се испреплетат во моментите на паника, режисерот суптилно го прикажува она што се крие зад шминката од наводно хармонични односи меѓу ликовите. Иако ова може да ви звучи како некој тежок филм од типот на Американска убавина (American Beauty), овде ве чека една многу топла и пријатна приказна која и покрај разголувањето на лицемерието сигурно ќе ве разнежни.Филм: Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom)Филм: Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom)Вес Андерсон создава необичен магичен амбиент кој не сме навикнати да го гледаме во филмовите. Фотографијата а фантастична, додека на екранот постојано преовладуваат топли бои кои помалку потсетуваат на сепија, што лесно може да пробуди меланхолија и носталгија по минати времиња и лични приказни како оние кои се случуваат во Кралството на изгревот на месечината. Тоа го надоплонува и извонредната музика, која толку добро се вклопува, што се чини дека мелодијата е дел од дијалозите или од природата во која се случува дејството.Филм: Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom)Не го пропуштајте овој филм. Извонреден е, веќе добива одлични критики, во него игра „дрим тим“ од актери, а се очекува да се бори и за оскар. Ако се решите да го гледате, тоа ќе бидат одлично потрошени магични 93 минути.Филм: Кралство на изгревот на месечината (Moonrise Kingdom)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар