Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)

Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)

Зошто да трпиш кога можеш да поставуваш правила?

Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)Режија: Џордан Фокт-Робертс

Улоги: Ник Робертсон, Габриел Басо, Моисес Араис

Времетраење: 95 минути

Јазик: англиски

Премиера: 23 август 2013

Жанр: драма, комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (25 гласа, просек: 8,72 од 10)
Loading...


„Ова не е дискусија. Моја куќа, мои правила. Ајде сега оди да се подготвиш!“ – Френк

Ваквите дијалози со татко му се секојдневие за Џо (Ник Робинсон), а ниту неговиот најдобар другар Патрик (Габрилер Басо) не добива подобар третман од родителите. И двајцата живеат во едно од оние слатки предградија со симпатични куќи кои сугерираат дека животот овде е идиличен, но двајцата 15-годишни тинејџери се гушат во изобилството од правила на нивните родители и решаваат да преземат нешто.Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)Наједноставното решение е да побегнат од дома и да го продолжат животот на некое друго место, далеку од родителите. Џо наоѓа прекрасно место во една шума каде што наскоро со Патрик и нивниот чуден пријател Бијаџио (Моисес Ариас) започнуваат да градат куќа. Живеат сами во шумата, сами се снаоѓаат за храна, пуштаат брада… со еден збор стануваат вистински мажи.Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)Нивниот обид да дојдат до независност завршува успешно. Ги живеат најубавите денови во својот живот, исполнети со слобода за која сонува секој тинејџер. Времето го поминуваат во забава и слога, но со текот на времето тие ќе бидат соочени со предизвици кои ќе бидат вистински тест за нивната зрелост и спремност да се носат со апсолутна независност.Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)Целото дејствие е сочинето од големата авантура на трите деца, но „Кралеви на летото“ е многу повеќе од само една авантура. Ова е филм за храброста да се посегне по слободата, за нејзиното настапување и за одговорностите и последиците кои таа ги носи со себе. Нема да ве заморува со овие пораки додека го гледате. Авантурата е доволно интересна за да се забавувате само со она што им се случува ним, а неговата вистинска смисла ќе ја сфатите дури на крајот.Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)Филмот спаѓа во жанровите драма и комедија, но рака на срце, овде нема класичен хумор кој многу ќе ве насмее. Еден од неговите главни адути се кадрите кои изобилуваат со топлина која во комбинација со убедливата глума на тројцата тинејџери, кај гледачите може да предизвика носталгија по некои минати времиња, кога и самите биле во некоја слична ситуација. „Кралеви на летото“ е филм кој може да ве врати во некое минато лето, пред многу години. Ако сте подготвени за таква авантура, тој многу ќе ви се допадне.Филм: Кралеви на летото (The Kings of Summer)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар