Филм: Исчезната (Gone Girl)

Филм: Исчезната (Gone Girl)

Возбудлив трилер за замрсена љубовна приказна полна со напнатост, потиснат гнев и желба за одмазда

Филм: Исчезната (Gone Girl)Режија: Дејвид Финчер

Улоги: Бен Афлек, Розамунд Пајк, Нил Патрик Харис, Тајлер Пери

Времетраење: 149 минути

Јазик: англиски

Премиера: 3 октомври 2014

Жанр: трилер, драма, мистерија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (30 гласа, просек: 9,17 од 10)
Loading...

Ник не е среќен во бракот со Ејми на нивната петгодишнина. Некогаш совршениот пар денес има проблеми како сите други парови на кои има се заканува развод. Веројатно затоа нема да реагира премногу вознемирено кога по неколку чашки во барот се враќа дома и сфаќа дека Ејми ја нема. Неколкуте искршени предмети ги гледа како знак дека можеби ѝ се случило нешто и затоа вика полиција. Одговарајќи на нивните прашања ќе ги даде првите индиции дека добриот, но огорчен сопруг има врска со тоа.

Филм: Исчезната (Gone Girl)

Ејми е позната личност и затоа исчезнувањето привлекува медиумско внимание. Нејзиното богато семејство иницира опсежна потрага по неа, но таа никаде не се појавува. Во меѓувреме, Ник се однесува како да не му е важно што неговата сопруга е исчезната и не ѝ се знае судбината. Еднаш делува избезумено, а во друг момент е незаинтересиран, оставајќи простор за сомневање во него. Медиумите го распнуваат поради тоа, додека тој индолентно тврди дека не се во право.

Филм: Исчезната (Gone Girl)

Начинот на кој Ник ги доживува настаните е само првиот дел од двоиполчасовниот трилер. Тој е надополнуван од Ејми која во позадина го чита својот дневник и малку по малку открива од нивната комплицирана врска. Дознаваме дека возбудливите почетоци на нивната врска ги одвеле до прекрасен брак кој станал грд веднаш штом се појавиле и првите проблеми меѓу нив, а кулминацијата на тие несреќни моменти е само почетокот на сите изненадувања кои филмот ги сервира во понатамошниот тек.

Филм: Исчезната (Gone Girl)

„Исчезната“ е адаптација на многу популарен роман на Џилијан Флин. Книгата се задржа многу долго на врвот на најпродавани книги во Америка, а и филмот со квалитетот кој го поседува не може да помине поинаку. Ова е еден од најдобрите трилери кои можевме да ги изгледаме во последно време. Тој е трилер за една замрсена љубовна приказна полна со напнатост, потиснат гнев и желба за одмазда, склопен на начин кој не се гледа често. Има доволно пресврти за да ве занимава цело време, доволно мистерија за да ве остави постојано да погодувате што ќе се случи и кој е одговорен за сè што се случува. Како и да ви се допадне, нема да бидете рамнодушни на крајот.

Филм: Исчезната (Gone Girl)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар