Филм: Интерстелар (Interstellar)

Филм: Интерстелар (Interstellar)

Човештвото е родено на планетата Земја, но не мора да изумре на неа

Филм: Интерстелар (Interstellar)Режија: Кристофер Нолан

Улоги: Метју Меконахи, Ен Хатавеј, Џесика Честејн, Мајкл Кејн

Времетраење: 169 минути

Јазик: англиски

Премиера: 7 ноември 2014

Жанр: авантура, научна фантастика

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (28 гласа, просек: 9,29 од 10)
Loading...

Приказната започнува на планетата Земја, во иднина, каде што можеме веднаш да забележиме дека работите тргнале наопаку. Растенијата изумираат, луѓето гладуваат, песочни бури владеат со површината… Светот има потреба од добри фармери кои даваат сè од себе за да произведат доволно храна со која би се прехраниле луѓето, но изгледа дека тоа не е доволно. Секојдневните песочни бури прават да е скоро невозможно да се дише, па не само што гладуваат, луѓето истовремено и се задушуваат.

Филм: Интерстелар (Interstellar) Филм: Интерстелар (Interstellar)

По пат на неколку навидум случајни настани Купер (Метју Меконахи) и неговата 10-годишна ќерка Марф (Мекензи Фој) ќе успеат да откријат установа која со години е чувана под најстрога тајна. Во неа живеат и работат единствените луѓе на планетата кои би можеле да го спасат човештвото од сигурна смрт. Професорот Бренд (Мајкл Кејн) кој го посветил својот живот во потрага по нова планета за човештвото ќе го убеди Купер, еден од последните искусни пилоти од НАСА кои сè уште се живи, да му помогне во неговиот план. Токму тогаш ќе започне една од најстрашните и најмистериозните мисии кон нови и непознати вселенски пространства во историјата на човештвото…

INTERSTELLAR Филм: Интерстелар (Interstellar)

Веднаш да ве предупредиме, овој филм е многу долг и претерано тежок за гледање. Тој побудува силни емоции и откако ќе заврши ќе ви бидат потребни неколку минути да се вратите повторно во реалноста. Но, имајте на ум дека доколку сакате целосно да го сфатите мора да имате барем основно познавање на законот за релативноста, време-просторот и црните дупки. Во спротивно, кога филмот ќе заврши ќе останете збунети и со илјадници прашања во вашата глава кои ќе ви го расипат доживувањето од филмот.

Филм: Интерстелар (Interstellar) Филм: Интерстелар (Interstellar)

Но, и покрај сè овој филм навистина вреди да се гледа. Тој ќе ве натера да се замислите за природата на човекот, што е тоа што нè прави луѓе и колку сме подготвени да преживееме дури и во најсуровите услови. Тимот од актери е неверојатно добро избран и секој ја игра својата улога со извонредна совршеност. Приказната ќе ве понесе со себе и на моменти ќе чувствувате како да сте таму, веднаш покрај главните ликови, обидувајќи се да ја решите најголемата мистерија на Универзумот. Токму тоа е она што го прави филмот „Interstellar“ еден од најдобрите филмови на деценијата.

Филм: Интерстелар (Interstellar) Филм: Интерстелар (Interstellar)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар