Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)

Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)

Филм за жестоката борба за гол опстанок и рамнодушноста на околината кон тоа

Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)Режија: Гери Рос

Улоги: Џенифер Лоренс, Џош Хачерсон, Лијам Хемсворт, Вес Бентли, Вуди Харелсон, Лени Кравиц

Времетраење: 142 минути

Јазик: англиски

Премиера: 23 март 2012

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (60 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

Игри на гладните (The Hunger Games) е еден од оние епски филмови кои дигаат многу прашина меѓу публиката, имаат повеќе продолженија и едноставно не смеат да се пропуштат. Приказната, базирана на истоимените дела на Сузан Колинс, претставува спој на гладијаторските борби и реалните шоуа од типот на „Преживеан“, каде што суровоста и бескомпромисната борба за гол опстанок се единствениот пат до успехот.

Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)

Дејството е сместено во пост-апокалиптична иднина во Капитол, главниот град на државата Панем. Како казна за некои минати бунтови, а и заради забава на гледачите, дванаесетте области околу главниот град мораат секоја година да испратат по едно момче и една девојка на возраст од 12 до 18 години, за да учествува во „Игрите на гладните“. Тоа е натпревар кој се одржува еднаш годишно, во кој учесниците се борат до смрт секој против секого, а тоа во живо се пренесува на телевизија, за да се забавуваат граѓаните на Капитол.

Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)

Кога од дванаесеттата област ќе биде избрана малата Примроуз Евердин (Вилоу Шилдс), на нејзиното место доброволно ќе се пријави нејзината постара сестра Кетнис (Џенифер Лоренс). Таа ќе мора да го напушти своето семејство и пријателот Гејл (Лијам Хемсворт) заминувајќи полна со надеж дека ќе се врати жива и здрава.

Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)

Од нејзината област е избран и нејзиниот врсник Пита (Џош Хачерсон), а во нивно друштво ќе се најде и алкохоличарот Хејмич, еден од минатите победници на шоуто кој ќе им биде назначен за ментор. Кетнис и Пита ќе привлечат големо внимание кога на интервјуто во шоуто за претставување на учесниците во борбата, Пита ќе признае дека одамна е вљубен во Кетнис. Таа ќе биде гневна на него мислејќи дека тоа го кажал за да привлече спонзори кои можат да го снабдат со храна и оружје. Сепак, тој ќе нема многу време да ѝ објаснува затоа што наближува суровата битка во која секој мора да го убие секого во борбата за гол опстанок. А тогаш, двајцата ќе мора да ги употребат сите свои квалитети каде што немаат избор, освен да се истребат еден со друг, пред воопшто љубовта да дојде на дневен ред.

Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)

„Игри на гладните“ може да ве потсети на некои други епски приказни, како на пример „Господарот на прстените“, поради паралелниот универзум во кој се случува дејството, големата тензија и силниот карактер и борбеноста на ликовите. Но, за разлика од нив, овој филм одлично ја доловува природата на реалните шоуа, кои својата популарност ја билдаат благодарение на нечувствителноста со која гледачите ги следат суровите случувања на екранот.

Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)

Покрај приказната, одличен впечаток остава и глумата на Џенифер Лоренс. По извонредните перформанси во Зимска коска (Winter’s Bone) и Лудо вљубени (Like Crazy) веќе би било клише да смислуваме нови суперлативи за нејзините актерски можности. Покрај нејзината, мора посебно да се истакне и глумата на Вуди Харелсон, кој го игра менторот Хејмич Абернати.

Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)

Игри на гладните во никој случај не смеете да го пропуштите. Нека не ве плашат оние 142 минути времетраење, нема да почувствувате кога поминале, а потоа со нетрпение ќе го очекувате и наредното продолжение.

Филм: Игри на гладните (The Hunger Games)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. трајче Reply

    Прекрасен филм!! Ви ја препорачувам книгата, зашто некои тажни моменти (како смртта на еден лик, не кажувам кој) може подобро да се доловат.

  2. jas Reply

    prepreprekrasen film, samo gale ni e momce tuku najdobar drugar

  3. Tijance Reply

    Eden od moite omileni ! Prekrasen film ! 😀

  4. Анонимен Reply

    filmot nee mnogu dobar kolku so go falite

Напиши одговор на jas Откажи одговор