Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47)

Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47)

Напреден убиец ѝ помага на една необична жена да го најде нејзиниот татко и да ги открие мистериите за нејзиното потекло

(2) Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47)Режија: Александар Бах

Улоги: Руперт Френд, Хана Вер, Зекери Квинто

Времетраење: 96 минути

Јазик: англиски

Премиера: 21 август 2015

Жанр: акција, криминал, трилер

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 8,29 од 10)
Loading...

Приказната започнува така што ни покажува елитен убиец, кој е генетски модификуван да биде совршената машина за убивање. Тој е познат по последните 2 бројки од бар-кодот кој го носи на својот врат, агент 47, укажувајќи ни дека пред него имало 46 други агенти со чие истражување довело тој да биде посилен, побрз и поинтелигентен. Но, неговата најнова мисија вклучува борба со група непријатели чии моќи ги надминуваат неговите, па токму затоа мора да најде алтернативен начин за да ги победи.

(3) Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47) (4) Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47)

Агентот 47 во својата мисија ќе вклучи и една девојка, Катја, која го поминала сиот свој живот барајќи го својот татко. Тоа што таа не го знае е дека токму нејзиниот татко е одговорен за создавањето на програмата „Агенти“ која довела до постоењето на 47. Неговата мисија е да направи сè што е во негова моќ за да се спречи повторното создавање на ваков вид напредни убијци и знае дека таа е единствената која може да го пронајде својот татко. Но, исто како што тој носи голема тајна со себе, така и таа не е само една обична девојка, како што делува на прв поглед.

(5) Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47) (6) Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47)

Приказната на овој филм е базирана според популарната видео игра „Hitman“, па токму затоа и ќе ви биде позната. Филмот е исполнет со многу акција и голем број ефекти, додека истовремено одржува одлична доза мистериозност која со секоја нова сцена Катја сè повеќе ја зачинува. Не можеме да кажеме дека настаните не се предвидливи и малку проѕирни, но сепак тоа нема да ве спречи да уживате во нивниот тек. Доколку сте фан на видео играта која го носи истото име и ако сте расположени за трилер исполнет со многу акција, тогаш дефинитивно вашиот следен избор за филм би требало да биде токму овој.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар