Филм: Гангстерски одред (Gangster Squad)

Целта ги оправдува средствата…

Филм: Гангстерски одред (Gangster Squad)Режија: Рубен Флејшер

Улоги: Џош Бролин, Шон Пен, Рајан Гослинг, Ема Стоун, Ник Нолти

Времетраење: 113 минути

Јазик: англиски

Премиера: 11 јануари 2013

Жанр: крими, акција

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (14 гласа, просек: 9.07 од 10)

Loading...Loading...

Целта на гангстерските филмови е да го забавуваат гледачот внесувајќи го во некое минато време кога мафијата суверено владеела со целата своја бруталност без премногу да се крие од законот, притоа давајќи сликовит приказ на насилството и останатите методи на работа кои тие ги применувале. „Гангстерски одред“ е типичен пример на овој жанр кој успева во тоа раскажувајќи за настани кои навистина се случиле во педесеттите години на минатиот век во Лос Анџелес, но кои малку се филувани за да биде поинтересен.Филм: Гангстерски одред (Gangster Squad)Тоа е време кога со градот владее Мики Коен (Шон Пен). Тој е неофицијален крал на Лос Анџелес кому сите му се плашат поради суровото пресметување со легалната и нелегалната конкуренција, но и понатаму останува на слобода затоа што „поседува“ голем број полицајци и судии. Ќе посака уште повеќе да го прошири својот криминален бизнис, но шефот на полицијата Бил Паркер (Ник Нолти), кој го мрази Коен и неговиот терор, сака да го спречи во тоа.Филм: Гангстерски одред (Gangster Squad)Знае дека не може да успее по легален пат и затоа го овластува полицаецот Џон О‘Мара (Џош Бролин) да формира група којашто нема да бира легални и нелегални средства за уништување на Коен. О‘Мара е чесен полицаец со извонредно воено и полициско искуство, кој сакајќи да обезбеди мирно место за живеење на детето кое го очекува со сопругата, без размислување ја прифаќа задачата.

Свесен е дека Коен контролира многу полицајци и затоа групата ќе ја состави од луѓе надвор од полицијата кои брилираат во својата област. Единствен полицаец во гангстерскиот одред ќе биде Џери Вутерс, млад детектив кој веќе е во љубовна врска со љубовницата на Коен (Ема Стоун).Филм: Гангстерски одред (Gangster Squad)Филмот понатаму минува во ловот на опасниот мафијаш. Јунаците кои се борат на страната на доброто немаат некој конкретен план кој треба да го реализираат, туку само се впуштаат во бројни бркотници и престрелки. Тоа всушност ја носи и најголемата возбуда во филмот, но остава впечаток дека дејството е изградено врз клишеа кои филмот го прават предвидлив.

Кон тоа се надополнуваат и неимпресивните перформанси на дрим тимот од актери. Ова не се најдобрите улоги ниту на Рајан Гослинг, ниту на Ема Стоун, а најмалку на Шон Пен, а изостанува и очекуваната хемија помеѓу Рајан Гослинг и Ема Стоун по „Луда, глупава, љубов“ (Crazy, Stupid, Love). Единствена светла точка е Џош Бролин, кој одлично го доловува ликот на чесниот полицаец кому навистина му е битно како ќе заврши неговата битка.Филм: Гангстерски одред (Gangster Squad)За повеќето од вас ова веројатно е веќе видена приказна, но во поново издание. Сигурно ќе ве потсети на „Лице со лузна“ (Scarface) и уште на некој друг извонреден крими трилер кој порано сте го гледале и бил подобар од овој, но нема да згрешите доколку потрошите околу два часа за него.

Сцените со насилство воопшто не се тешки за гледање и не би требало да ве одвратат од него. Кога сакате да соберете друштво и да гледате лесен полициско-мафијашки филм со многу пукање, бркање со автомобили и брутални сцени „Гангстерски одред“ може да биде полн погодок.Филм: Гангстерски одред (Gangster Squad)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар