Филм: Фокус (Focus)

Некои нешта во животот вредат многу повеќе отколку што сте можеле да забележите претходно

(1) Филм: Фокус (Focus)Режија: Глен Фикара, Џон Рикуа

Улоги: Вил Смит, Маргот Роби, Родриго Санторо

Времетраење: 105 минути

Јазик: англиски

Премиера: 27 февруари 2015

Жанр: комедија, криминал, драма

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 9.67 од 10)

Loading...Loading...

Ники (Вил Смит) е многу познат и успешен измамник. Тој е толку вешт во својата професија што не постои ништо што може да му избега од неговиот видик. Барем на прв поглед така изгледа. Но, работите брзо ќе се променат откако тој ќе ја запознае Џес (Маргот Роби) која сосема ненадејно ќе успее да му покаже дека има многу повеќе во животот одошто тој некогаш успеал да види и доживее.

(2) Филм: Фокус (Focus) (3) Филм: Фокус (Focus)

Џес е млада девојка која се обидува да се пробие во кругот на измамниците. Но, нејзините почетнички грешки ќе ја одведат директно во рацете на Ники кој поради љубопитност ќе ѝ дозволи да се обиде да го измами. Секако, нејзиниот обид ќе резултира со неуспех, но тоа нема да ја спречи повторно да го пронајде со цел да се обиде да го натера да биде нејзин ментор. Но, бидејќи Ники не е заинтересиран за оваа улога, токму во тој момент ќе почнат игри на измами кои ќе траат со години.

(4) Филм: Фокус (Focus) (5) Филм: Фокус (Focus)

Станува збор за филм кој мора да го следите будно со цел да ги забележите сите детали од приказната. Бидејќи главните ликови се измамници, повеќето од времето тешко е да се направи разлика помеѓу вистината и лагата во она што го кажуваат. Токму затоа и филмот има голем број пресврти. Вие само што сте помислиле дека ја следите приказната, одеднаш ќе сфатите дека еден од нив лажел и токму тоа ќе ве одведе во сосема друга насока. Но, ова е и една од причините зошто би требало да му дадете шанса на овој филм.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар