Филм: Фини момци (Nice Guys)

Филм: Фини момци (The Nice Guys)

Кога полицијата не може да помогне, настанува партнерство кое ги руши сите бариери

(2) Филм: Фини момци (The Nice Guys)Режија: Шејн Блек

Улоги: Расел Кроу, Рајан Гослинг, Ангори Рајс

Времетраење: 116 минути

Премиера: 26 мај 2016

Jазик: англиски

Жанр: акција, комедија, криминал

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

Во својата импресивна и разновидна кариера, Расел Кроу не оставил голема трага како комичар, а Рајан Гослинг ни има покажано само мал дел од неговата повесела страна. Но, сепак, во филмот „Фини момци“, и двајцата се многу забавни и интересни – со неколку зборови, совршени за своите улоги. Станува збор за приказна од 70-тите, која се врти околу борбата против криминалот на опасните улици во Лос Анџелес. Тие не се вистински детективи, далеку од тоа, но сепак се единствените кога законите не можат да им помогнат на луѓето за кои се создадени да постојат.

(3) Филм: Фини момци (The Nice Guys)

Џек Хили (Расел Кроу), силната страна на ова партнерство, е доволно храбар да се бори самиот за себе, а со своите кожни јакни остава впечаток на маж со кој не би сакале да си играте. Од друга страна пак, неспособноста на Холанд Марч (Рајан Гослинг) да одбие пијалак ги затапува неговите рефлекси, па затоа и често е на спротивната страна од тупаниците. Тој со својот изглед, кој вклучува спортско сако и серија несоодветно комбинирани кошули делува многу понесмасно од неговиот партнер, но со оглед на тоа што преживува толку многу спектакуларни падови, на момент е убеден дека е непобедлив.

(4) Филм: Фини момци (The Nice Guys)

Тој се враќа назад во реалноста од страна на неговата ќерка, Холи (Ангори Рајс), која изгледа многу помудра од него, па затоа и постојано го гледа со чудење. Таа внесува интересна невиност и неодоливост во целата приказна, правејќи ја уште позабавна одошто би помислиле дека е можно. Додадете ги тука и одличните костими, со силните палети карактеристични за 70-тите, во комбинација со забавниот саундтрак и знаете дека имате филм кој едноставно мора да го гледате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар