Филм: Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин (Miss Peregrine's Home for Peculiar Children)

Филм: Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин (Miss Peregrine’s Home for Peculiar Children)

Кога Џејкоб открива знаци што водат до мистерија која се растега низ времето, тој го наоѓа домот за необични деца на госпоѓица Перегрин

(5) Филм: Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин (Miss Peregrine's Home for Peculiar Children)Режија: Тим Буртон

Улоги: Ева Грин, Семјуел Л. Џексон, Аша Батерфилд

Времетраење: 127 минути

Премиера: 29 септември 2016

Јазик: англиски

Жанр: авантура, фантазија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (22 гласа, просек: 8,41 од 10)
Loading...

Аша Батерфилд ја толкува улогата на Џејк, сосема обично (на прв поглед) момче кое живее во Јужна Флорида, кај својот дедо, Ејб (Теренс Стамп). Неговиот живот целосно ќе се промени откако Ејб ќе почине, наводно од природна причина, но Џејк, кој бил сведок на целиот настан, видел чудовиште во близина на дедо му за кое подоцна никој нема да му верува. Згора на сè, моментите пред Ејб да почине, тој ќе промрмори некаков вид загатка за остров, јазол, птица и 1943 година која Џејк ќе ја чуе.

(1) Филм: Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин (Miss Peregrine's Home for Peculiar Children)

Со оглед на тоа што Џејк бил поблизок со дедо му одошто со својот татко, неговата смрт многу ќе го погоди. Тие со часови разговарале за неговото детство и тој често му кажувал за својот живот во еден специјален дом, воден од страна на госпоѓа Перегрин (Ева Грин). Токму затоа и терапевтката на Џејк (Алисон Џени) ќе им предложи на неговите родители да го одведат на овој британски остров, за тој полесно да се справи со загубата. Но, кога ќе пристигнат таму, Џејк ќе дознае дека домот бил уништен од нацистички бомби во 1943 година.

(2) Филм: Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин (Miss Peregrine's Home for Peculiar Children)

Но, патот нема да биде залуден бидејќи токму тогаш и децата од овој дом ќе го откријат Џејк. Целата група деца, водени од страна на Ема Блум (Ела Пурнел), биле испратени од страна на госпоѓа Перегрин за да го донесат назад Џејк. Таа меѓу другото, е позната и по својата моќ да создава временски јазли, правејќи секој ден да се случува одново со цел да ги заштити „необичните“ деца, кој многу наликуваат на мутантите од серијалот „Икс-мен“.

(3) Филм: Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин (Miss Peregrine's Home for Peculiar Children)

Тука ќе престанеме со пишување и само ќе ви препорачаме да го гледате овој одличен филм кој без сомнение ќе ви го освои срцето. Зарем има подобар начин да се помине еден есенски викенд од безвремена авантура што ќе ве одведе на пат далеку од реалноста?

(4) Филм: Домот за необични деца на госпоѓица Перегрин (Miss Peregrine's Home for Peculiar Children)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар