Филм: Дома (Home)

Филм: Дома (Home)

Филм за една вонземјанска раса која ќе ја окупира Земјата со цел да се скрие од своите смртоносни непријатели

(1) Филм: Дома (Home)Режија: Тим Џонсон

Гласови: Џим Парсонс, Ријана, Стив Мартин, Џенифер Лопез

Времетраење: 94 минути

Јазик: англиски

Премиера: 27 март 2015

Жанр: авантура, анимација, комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (13 гласа, просек: 9,31 од 10)
Loading...

Вонземјанската раса Був е една од најдобрите во Универзумот кога станува збор за бегање. Тие постојано се еден чекор пред нивниот смртоносен непријател, расата Горг, кои и покрај силниот труд на Був изгледа некако секогаш успеваат да ги најдат. Токму затоа тие патуваат од една на друга планета, кои Горг без никакво размислување ги уништуваат целосно откако ќе пристигнат.

(3) Филм: Дома (Home)

Приказната започнува со доаѓањето на Був на Земјата. Тие ќе ги префрлат сите луѓе од целата планета на едно место, во еден голем град, а тие ќе се населат во сите останати земји. За само неколку секунди тие целосно ќе ја трансформираат планетата да одговара на нивните потреби.

(2) Филм: Дома (Home)

На самиот почеток веднаш имаме можност да го запознаеме слаткото вонземјанче Оу (Џим Парсонс) кое уште на прв поглед ќе забележите дека се издвојува од останатите. Тоа сака да се забавува, да се дружи и да има многу пријатели – нешта кои не се својствени за оваа раса. И така Оу сакајќи да го покани својот „пријател“ Кајл (Мет Џоунс) на неговата забава, по грешка ќе ја испрати пораката на сите во Универзумот, вклучувајќи ги и Горг. Исплашен дека ќе биде казнет, тој почнува да бега и на тој начин налетува на Тип (Ријана) и нејзината мачка Пиг. Тие брзо ќе се спријателат поради фактот што имаат заеднички непријатели и ќе тргнат во потрага по мајка ѝ на Тип.

(4) Филм: Дома (Home)

На својот пат ширум планетата, Оу ќе почне многу да учи за луѓето, како и за тоа што значи да се биде човек. Тој под влијание на ова храбро девојче ќе почне да ја проширува својата перспектива за оние нешта кои вредат, па токму затоа и ќе почне да се менува. Интересно кај овој филм е тоа што човештвото е претставено од една сосема поинаква перспектива. Ние ги гледаме луѓето преку очите на вонземјанче кое ни најмалку не наликува на човек. Па, доколку сте расположени за лесно анимирано филмче од кое можете да извлечете силна поука, тогаш ви препорачуваме да го гледате „Дома“. Гарантираме дека нема да бидете разочарани.

(5) Филм: Дома (Home)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар