Филм: Чувари на плажа (Baywatch)

Посветениот спасител Мич, заедно со новите регрути се обидува да ја спаси плажата од голема криминална закана

(1) film-chuvari-na-plazha-baywatch-www.kafepauza.mkРежија: Сет Гордон

Улоги: Двејн Џонсон, Зек Ефрон, Александра Дадарио

Времетраење: 116 минути

Премиера: 25 мај 2017

Јазик: англиски

Жанр: комедија

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 7.67 од 10)

Loading...Loading...

 

Филмските комедии, особено оние што се снимани со единствена цел да бидат големи хитови, како „Чувари на плажа“, во последниве неколку години едноставно не успеваат. Зошто? Најпрво, бидејќи воопшто не ја исполнуваат дефиницијата за комедија. Да, во овој филм има навистина смешни сцени, но во поголемиот дел од нив постои изразено претерување и пренагласување на тоа што треба да биде кажано, што едноставно ги прави апсурдни и едноставно досадни за гледање. Второ, комедиите треба да бидат едноставни приказни исполнети со многу хумор, за да нè насмеат до солзи, па спектаклот што сценаристите се обидуваат да го создадат во нив, со навидум комплицираното развивање на настаните (што во суштина е површно, предвидливо и на моменти сосема нејасно) и непотребните специјални ефекти, со еден збор ги прави кич!

(3) film-chuvari-na-plazha-baywatch-www.kafepauza.mk (4) film-chuvari-na-plazha-baywatch-www.kafepauza.mk (5) film-chuvari-na-plazha-baywatch-www.kafepauza.mk

Што се однесува до „Чувари на плажа“, првите неколку сцени поставија добра основа за урнебесен филм, но како што дејството се развиваше, така и овој филм падна во истиот калап како и неговите скорешни предци. Сите сцени беа пренагласувани до момент кога веќе нема каде да се оди и хуморот едноставно се крши, а специјалните ефекти, иако сами по себе не беа лоши, се чувствуваше како да не припаѓаат во овој жанр. Единствената светла точка во филмот беше актерската екипа – не само што тие добро си ги одигруваат своите улоги, туку и се одлични за гледање – па ако ви треба мотив да го погледнете овој филм, тоа е единствената причина што можам да ви ја издвојам.

(2) film-chuvari-na-plazha-baywatch-www.kafepauza.mk (6) film-chuvari-na-plazha-baywatch-www.kafepauza.mk (0) film-chuvari-na-plazha-baywatch-www.kafepauza.mk

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар