Филм: Чувај ми го грбот (The Hitman’s Bodyguard)

Филм: Чувај ми го грбот (The Hitman’s Bodyguard)

Најдобриот телохранител на светот добива нов клиент – платен убиец што мора да сведочи против еден од најужасните криминалци во светот

(1) film-chuvaj-mi-go-grbot-the-hitmans-bodyguard-www.kafepauza.mkРежија: Патрик Хјус

Улоги: Рајан Рејнолдс, Семјуел Л. Џексон, Гери Олдман, Селма Хајек, Елоди Јанг

Времетраење: 118 минути

Премиера: 18 август 2017

Јазик: англиски

Жанр: акција, комедија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 8,25 од 10)
Loading...

 

Искрено, одамна не сум гледала олку добра комедија. Во последниве неколку години ми се случувало дури и да излезам од кино салата на сред проекција, само затоа што не сум можела да ги гледам глупостите што сè повеќе се сметаат за „урнебесна забава“ во светот на Холивуд, но овој филм ми ги надмина сите очекувања. Приказната беше забавна (во ниту еден момент нема да почувствувате досада или непотребни сцени што само пополнуваат минути) и најважно од сè, сосема логична и со природен тек на развивање на настаните што предизвикува филмот да ви „прелета“ пред очи. Но она што остава најголем впечаток се ликовите на Рајан Рејнолдс и Семјуел Л. Џексон кои се всушност најзаслужни за големиот успех на овој филм. Ликовите на телохранителот Мајкл (Рајан Рејнолдс) и платениот убиец Дариус (Семјуел Л. Џексон) толку многу им одговараат, што тие воопшто нема потреба ни да глумат за да ги оживеат. Како да биле родени за овие улоги!

(2) film-chuvaj-mi-go-grbot-the-hitmans-bodyguard-www.kafepauza.mk (3) film-chuvaj-mi-go-grbot-the-hitmans-bodyguard-www.kafepauza.mk

Приказната е одлично опишана во самиот наслов – Мајкл ќе стане телохранител на платен убиец што треба да сведочи против еден од најголемите злосторници на планетава. Досега сите сведоци што имале некаков доказ исчезнувале или биле убивани на пат до судницата, па младата детективка Амелија (Елоди Јанг) откако ќе сфати дека има крт и во Интерпол, ќе го ангажира единствениот човек кому му верува за одржување некого во живот. Така Мајкл ја добива работата, по што филмот се претвора во најзабавната акција што некогаш сте ја гледале. Очекувајте многу смеење, многу акција, многу пукање и секако, многу пцовки што излегуваат од устата на Дариус. За крај мора да се спомне и улогата на Селма Хајек, Соња – сопругата на Дариус, што ќе ве натера да верувате во постоењето на вистинска љубов и совршена личност за секого на оваа планета.

(4) film-chuvaj-mi-go-grbot-the-hitmans-bodyguard-www.kafepauza.mk (5) film-chuvaj-mi-go-grbot-the-hitmans-bodyguard-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар