Филм: Брзи и бесни 8 (The Fate of the Furious)

Филм: Брзи и бесни 8 (The Fate of the Furious)

Мистериозна жена го заведува Дом во светот на тероризмот, вртејќи го против својот тим

(1) Филм: Брзи и бесни 8 (The Fate of the Furious)Режија: Ф. Гери Греј

Улоги: Вин Дизел, Мишел Родригез, Џејсон Стејтам, Двејн Џонсон, Шарлиз Терон, Тајриз Гибсон, Лудакрис, Курт Расел

Времетраење: 136 минути

Премиера: 14 април 2017

Јазик: англиски

Жанр: акција, криминал, авантура

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

 

Приказната започнува во Куба, каде што имаме можност да го видиме брачниот живот на Доминик (Вин Дизел) и Лети (Мишел Родригез) кои, на некој начин, уживаат во новото темпо на живот. Но нештата брзо ќе се променат откако сајбер-хакерката Сајфер (Шарлиз Терон) ќе го уценува Доминик да се сврти против својата екипа. Пред да сфатите, пред вашите очи ќе започне „трка“ со подморница во Русија, во Њујорк ќе „врнат“ автомобили и филмското платно ќе се „запали“ од сите експлозии низ кои ќе поминат нашите омилени возачи.

(2) Филм: Брзи и бесни 8 (The Fate of the Furious)

Ве заинтересиравме? Овој филм изобилува со толку многу акција, што кога ќе заврши ќе бидете преполни со адреналин и ќе посакате да истрчате еден круг околу градот или да влезете во вашиот автомобил и да се насочите кон автопатот, каде што ќе можете да возите со голема брзина! За актерите воопшто не мораме да кажеме ниту еден збор, веќе знаете дека одлично ќе си ја одиграат својата улога, а што се однесува до самата приказна – па, искрено, воопшто нема да ѝ обрнете внимание бидејќи ќе бидете преокупирани со акцијата и ќе се обидувате да се задржите да не паднете од работ на вашата столица!

(3) Филм: Брзи и бесни 8 (The Fate of the Furious)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар