Филм: Безредие (Lawless)

Кога законот е корумпиран, одметниците стануваат херои

Режија: Џон Хилкоут

Улоги: Том Харди, Шаја ЛаБаф, Џесика Честејн, Миа Васиковска, Гај Пирс

Времетраење: 116 минути

Јазик: англиски

Премиера: 29 август 2012

Жанр: криминалистичка драма

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 8.80 од 10)

Loading...Loading...

Иако сме се изнагледале гангстерски филмови чие дејствие е сместено за време на прохибицијата во САД, причината поради која ви го препорачуваме „Безредие“ (Lawless) е суровата сликовитост во нејзиното пренесување. Сниман е според книга напишана од внукот на еден од протагонистите во филмот, кој раскажува вистински настани од триесеттите години на дваесеттиот век кои му се случиле на неговиот дедо – шверцер на алкохол. Неговата новела изобилувала со лирски описи кои ненадејно биле прекинувани од брутални сцени на насилство, крв и убиства, но на обработката од мрачниот сценарист и музичар Ник Кејв може да ѝ се дадат истите епитети.Филм: Безредие (Lawless)Филм: Безредие (Lawless)Филмот раскажува приказна за тројцата браќа Бондурант кои за време на забраната за трговија со алкохол водат многу успешен бизнис со виски во округот Френклин во Вирџинија. Нема некој кој не сака да се напие од нивниот пијалак, дури и локалните полицајци. Но, кога од градот ќе дојде корумпираниот полицаец Чарли Рејкс (Гај Пирс) во име на окружниот обвинител да го бара својот дел од нивната заработка за да не им го чепка бизнисот, Форест Бондурант (Том Харди), најстариот брат и бестрашен духовен водач на групата ќе ја одбие понудата на Рејкс и ќе му се закани дека ќе го убие. Корумпираниот полицаец нема да отстапи и ќе испрати луѓе да го убијат Форест. Тој некако ќе го преживее пресекувањето на гркланот и против Рејкс ќе започне битка во која сè е дозволено.Филм: Безредие (Lawless)Дејството е полно со пресврти, кои ги носи Џек Бондурант (Шаја ЛеБаф), најмладиот и „најзелениот“ од братското трио. Неговата непредвидлива природа не дозволува да погодите што ќе се случи следно. Дополнителна драматичност внесува и тоа што жените се дел од влогот во борбата меѓу шверцерите и корумпираните власти.Филм: Безредие (Lawless)Доколку можете да ги гледате реалистично направените насилнички сцени, „Безредие“ (Lawless) за вас ќе биде многу возбудливо филмско искуство.Филм: Безредие (Lawless)Филм: Безредие (Lawless)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар