Филм: Бетмен: Подемот на Црниот витез

Филм: Бетмен: Подемот на Црниот витез (The Dark Knight Rises)

Може ли товарот на минатото да го спречи доброто во борбата со злото?

Филм: Бетмен: Подемот на Црниот витез (The Dark Knight Rises)Режија: Кристофер Нолан

Улоги: Кристијан Бејл, Том Харди, Гери Олдман, Ен Хатавеј, Морган Фримен, Мајкл Кејн

Времетраење: 165 минути

Јазик: англиски

Премиера: 20 јули 2012

Жанр: акција, криминалистичка драма

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (31 гласа, просек: 9,90 од 10)
Loading...

И третото продолжение на серијалот за Бетмен режирано од Кристифер Нолан го задржува извонредниот квалитет на своите претходници. Дури и да не сте фан на филмови со суперхерои, оваа епска борба помеѓу доброто и злото во имагинарниот Готам Сити има сè што е потребно за да го заслужи вашето внимание. Бетмен не е ладен натчовек кој бестрашно им се спротиставува на лошите момци, туку е портретиран како обичен смртник кој има свои подеми и падови. Впрочем, да не е неговиот специфичен костум, тешко дека ќе имате чувство дека следите филм со суперхерој од стриповите.Филм: Бетмен: Подемот на Црниот витез (The Dark Knight Rises)Филм: Бетмен: Подемот на Црниот витез (The Dark Knight Rises)Дејствието продолжува осум години по смртта на детективот Харви Дент. Сите овие години Брус Вејн (Кристијан Бејл) живеел изолирано од останатиот свет со својата грижа на совест. За среќа, Готам Сити е речиси целосно исчистен од криминал, па неговите дела не му се потребни на градот. Мирниот живот ќе трае сè додека не дојде терористот Бејн (Том Харди), со намера да спроведе своја правда и нов поредок заканувајќи се со нуклеарна бомба. На Брус Вејн му е јасно дека на Готам му е неопходна помошта од Бетмен, особено откако ќе биде киднапиран полицаецот Џејмс Гордон (Гери Олдман) и откако ќе сфати дека терористите ја имаат помошта и од жената-мачка (Ен Хатавеј). Тогаш тој ќе биде соочен со демоните од минатото и грижата на совест поради смртта на Рејчел и Храви Дент, но ќе мора да ги надмине ако сака уште еднаш да го спаси својот град од криминалците.Филм: Бетмен: Подемот на Црниот витез (The Dark Knight Rises)Филм: Бетмен: Подемот на Црниот витез (The Dark Knight Rises)Додека го гледате филмот приказната може да ви изгледа малку познато, но не од стриповите или од претходните филмови со Бетмен. Таа многу наликува на онаа од реалноста во која човештвото се бори против тероризмот: Бејн доаѓа со своето оружје да спроведе правда според своите сфаќања, а Готам многу потсетува на Њуjорк.Филм: Бетмен: Подемот на Црниот витез (The Dark Knight Rises)„Бетмен: Подемот на црниот витез“ е извонреден филм на кој не му фали тензија и е доволно драматичен да ве задржи пред екранот речиси три часа. Покрај интересната приказна заслужна за тоа е и актерската екипа во која особено се истакнува Том Харди во улогата на Бејн. И да, сепак има многу специјални ефекти, иако во него секоја сцена изгледа премногу реално. Сè на сè, возбудлива акција која заслужува чиста десетка и која мора да се изгледа.Филм: Бетмен: Подемот на Црниот витез (The Dark Knight Rises)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар