Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)

Лесно сварлив, но квалитетен филм

Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)Режија: Нет Факсон, Џим Раш

Улоги: Лијам Џејмс, Стив Карел, Тони Колет, Сем Роквел

Времетраење: 103 минути

Јазик: англиски

Премиера: 26 јули 2013

Жанр: драма, комедија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (26 гласа, просек: 7.77 од 10)

Loading...Loading...

„Беше еднаш едно лето“ е еден од оние симпатични филмови од независна продукција кои не припаѓаат на групата спектакуларни блокабастери, туку кои пленат со својата едноставност и искреност во прикажувањето на секојдневните проблеми и начинот на кој луѓето се справуваат со нив. Доколку веќе сте го гледале „Малата Мис Саншајн“ (Little Miss Sunshine) овој филм може да ве потсети на него. Во центарот на приказната е сместено едно просечно американско семејство кое се соочува со свои предизвици и некако постојано е на работ да ја изгуби контролата врз нив.Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)А во него како колатерална штета е претставен Данкан (Лијам Џејмс), 14-годишен тинејџер кој нема убав социјален живот благодарение на својата повлеченост.

Трент: Данкан! На скала од 1 до 10, како би се оценил?

Данкан: 6!

Трент: Јас мислам дека си 3. Откако почнав да се гледам со мајка ти не те гледам многу да излегуваш, пријателе. Пробај да ја поправиш таа оценка летово во мојата куќа на плажа“.

Оди подграбевно, покажува недостаток на самодоверба секогаш кога има можност, тешко разговара со девојките, а со другите и не е заинтересиран да зборува. Кога со мајка му, нејзиното момче и ќерката на момчето на мајка му ќе оди на одмор во куќата покрај плажа на неговиот нов очув, кај него не се забележува некој голем мотив да го живее животот сè додека не го сретне Овен, човек кој е вработен во аква парк. Тој е ликот кој на збунетиот тинејџер ќе му даде работа, а потоа и голем елан во справувањето со проблемите.Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)Животот на Данкан не е единствениот кој авторите го користат за да го покажат она што сакаат да го покажат. Малиот Питер, кој има страбизам на очите и неговата невротична мајка која го тера да го покрива окото, попустливата мајка на Тимоти и односот со нејзиното арогантно момче, како и уште неколку интересни ликови кои овде се додадени се делови од еден мозаик кој ја дава вистинската слика.Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)Нека не ве залажува тоа што филмот жанровски е определен и како комедија, затоа што нема баш да ве насмее. Ваквата жанровска определба се должи само на цинизмот и суровата искреност кои на моменти за некого може да изгледаат смешно. Сценариото е неговиот најголем адут, а кадрите исполнети со сонце се уште еден фактор кој го прават привлечен за повеќето гледачи. „Беше еднаш едно лето“ е филм кој би требало да го гледате кога ќе ви се гледа нешто лесно сварливо, но во исто време со добра и квалитетна содржина.Филм: Беше еднаш едно лето (The Way Way Back)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар