Филм: Атомска русокоса (Atomic Blonde)

Таен агент е испратен во Берлин за време на Студената војна со цел да истражи убиство на друг агент и да пронајде листа со двојни агенти

(1) film-atomska-rusokosa-atomic-blonde-www.kafepauza.mkРежија: Дејвид Леич

Улоги: Шарлиз Терон, Џејмс Мекејвој, Џон Гудман

Времетраење: 115 минути

Премиера: 28 јули 2017

Јазик: англиски

Жанр: акција, мистерија, трилер

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 7.40 од 10)

Loading...Loading...

 

Шарлиз Терон ја толкува улогата на Лорејн Бротон, елитен шпион од МИ6. Нејзината мисија е во Берлин за време на студената војна, каде што треба да пронајде листа со тајни оперативци. Таа набрзо се здружува со Дејвид Персивал (Џејмс Мекејвој), кој ќе ѝ помага да се движи низ градот и да победува во опасните игри со шпиони, но нема да помине многу време пред да сфати дека не може никому да верува. Започнувајќи од Британците и Русите, па сè до Американците и Французите, не постои некој што не сака да ја види мртва. Но таа не се плаши од ништо и од никого, па затоа и лесно владее со секоја ситуација со којашто ќе се соочи.

(2) film-atomska-rusokosa-atomic-blonde-www.kafepauza.mk

Покрај турбулентната и живописна акција, филмот исто така се одликува и со комплексна приказна што ќе ве натера да се задлабочите во него и иако не е целосно оригинална или нешто досега невидено (лесно ќе можете да предвидите голем дел од настаните уште пред да се случат), сепак ликот на Лорејн е вистинско освежување и поради тоа е најголемата причина зошто без сомнение ќе уживате во овој филм. Шарлиз Терон се надминува себеси во својата работа, а со тоа и влегува во историјата на силни женски ликови што во последниве неколку години го освојуваат филмскиот свет. На кратко – не смеете да ја пропуштите оваа неонска, брутална акција што ќе ве одведе на луда 2-часовна авантура!

(3) film-atomska-rusokosa-atomic-blonde-www.kafepauza.mk

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар