Филм: Асасинс крид (Assassin’s Creed)

Филм: Асасинс крид (Assassin’s Creed)

Затвореник осуден на смртна казна, истражувајќи ги сеќавањата на својот предок открива дека е наследник на тајно друштво убијци

(1) Филм: Асасинс крид (Assassin’s Creed)Режија: Џастин Курцел

Улоги: Мајкл Фасбендер, Марион Котилард, Џереми Ајронс

Времетраење: 115 минути

Премиера: 21 декември 2016

Јазик: англиски

Жанр: акција, авантура, фантазија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (11 гласа, просек: 5,55 од 10)
Loading...

Љубителите на видео играта со истото име, што е инспирација за овој филм, во ниту еден случај нема да бидат разочарани. Од друга страна пак, оние што не се запознаени со приказната во играта, со сигурност ќе бидат позитивно изненадени. Дали филмот може да биде подобар? Секако. Секој филм има свои маани. Но, во овој случај слободно можеме да кажеме дека сме задоволни со тоа што го гледавме.

(4) Филм: Асасинс крид (Assassin’s Creed)

За оние што веќе се запознаени со светот на „Assassins’ Creed“, уште веднаш да ве предупредиме дека станува збор за сосема нова приказна. Иако основата е иста, како и дел од ликовите, ќе имате можност да гледате нов тек на развивање на настаните. Ова е целосно нов универзум во кој постои добро познатото тајно друштво на убијци, чиишто што креатори решиле да започнат со свеж почеток при раскажување на приказната за да ја одвојат од онаа во видео игрите.

(5) Филм: Асасинс крид (Assassin’s Creed)

Да преминеме на главното дејство. Сè што треба да знаете е дека постои револуционерна технологија што може да ја отклучи генетичката меморија, а со тоа и да им даде шанса на луѓето да го истражуваат животот на своите предци. Водена од желбата да го истреби насилството на планетата, научничката Софија (Марион Котилард), го пронаоѓа Линч (Мајкл Фасбендер) – директниот наследник на Агилар, водач на тајното друштво убијци и заштитник на јаболкото за кое се верува дека ја содржи мапата на човечкиот генетски код.

(2) Филм: Асасинс крид (Assassin’s Creed)

Преку Анимус, Линч се синхронизира со умот на Агилар и го доживува сето она низ што поминал неговиот предок во 19-от век. Тој е фрлен во центарот на битката помеѓу Убијците и Темпларите, и малку по малку дознава зошто постоењето на тајното друштво убијци е од неизмерна важност за опстанокот на човештвото. Притоа, тој добива неверојатно знаење и способности, што ќе доведат до заземање на неговото место во редот на убијците.

(3) Филм: Асасинс крид (Assassin’s Creed)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар