Филм: Американски оригинал (American Made)

Пилотот Бери Сил станува шпион за ЦИА и се заплетува во дел од најголемите криминални организации

(1) film-amerikanski-original-american-made-www.kafepauza.mkРежија: Даг Лиман

Улоги: Том Круз, Домхал Глисон, Сара Рајт

Времетраење: 115 минути

Премиера: 24 август 2017

Јазик: англиски

Жанр: акција, биографија, комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 9.00 од 10)

Loading...Loading...

 

Станува збор за приказна базирана на вистински случувања од 1980-тите години, односно за пилотот Бери Сил (Том Круз) кој ја имал најгламурозната работа на планетата. Но со оглед на фактот дека нештата никогаш не излегуваат онака како што сме ги планирале и најчесто други личности (и организации) ни се мешаат во животот, уште во првите неколку минути ќе ви стане јасно дека и неговиот живот набрзо целосно ќе се промени. ЦИА ќе реши да му предложи нешто повозбудливо, па тој ќе добие убав нов авион и свој сопствен аеродром со цел да прави шпионски фотографии во Централна Америка. Пред да сфати што се случува, тој ќе се „заплетка“ со Пабло Ескобар, ќе навлезе во светот на картелите со дрога, и ќе почне да носи вооружување во Никарагва и потенцијални бунтовници за тренинг назад во Америка.

(2) film-amerikanski-original-american-made-www.kafepauza.mk

Филмот е динамичен, исполнет со многу акција, но исто така и изобилува со голем број комични елементи. Со други зборови, времето брзо ќе ви помине и во текот на филмот постојано ќе се забавувате. Но иако приказната е инспирирана од вистински настани, сепак тешко е да поверуваме дека овие нешта навистина се случувале со оглед на тоа што се малку претерани и преувеличени за да се добие филмски ефект, па тоа може малку да ви го намали уживањето. Од друга страна пак, акцијата е постојано на високо ниво, без да ви дава простор за одмор, па некаде во втората половина од филмот можеби ќе почувствувате и мала монотоност. Сепак енергијата на Том Круз е едноставно неверојатна и толку заразна што нема да можете да не ја засакате неговата интерпретација на Бери Сил, а со тоа и да си најдете нов омилен лик игран од страна на овој одличен актер.

(3) film-amerikanski-original-american-made-www.kafepauza.mk

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар