Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)

Би убиле ли за да го продолжите вашиот живот?

Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)Режија: Мекџи

Улоги: Кевин Костнер, Хејли Стеајнфелд, Кони Нилсен, Амбер Херд

Времетраење: 117 минути

Јазик: англиски

Премиера: 21 февруари 2014

Жанр: акција, криминалистика, драма

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 8.57 од 10)

Loading...Loading...

Интернационалниот шпион Итан Ренер (Кевин Костнер) е приморан да оди во рана пензија откако му е дијагностициран рак на мозокот кој се проширил на белите дробови и има само неколку месеци преостанат живот. По оваа огромна промена во неговиот живот, тој решава повторно да се зближи со бившата жена, Кристин (Кони Нилсен) и неговата ќерка тинејџерка, Зои (Хејли Стеајнфелд) кои дотогаш ги држел на оддалеченост поради нивна безбедност.

Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)

Тој ѝ ја објаснува својата состојба на Кристин, но ја замолува сѐ уште да не ѝ кажува ништо на нивната ќерка убедувајќи ја дека прво сака повторно да воспостави контакт со неа. Таа му дозволува да се видат само затоа што тој ѝ ветува дека повеќе не работи како агент на ЦИА. Но, истиот ден кога тој ќе треба да оди на ручек со Зои, се појавува Виви (Амбер Херд) со понуда која ретко кој би можел да ја одбие. На кратко, тој мора набрзина да одлучи дали сака да убие или да умре. Виви, која поседува експериментален лек за неговата болест му гарантира дека доколку тој го убие Волкот (шверцер на оружје и муниција) во рок од 3 дена, тој ќе може да помине уште многу време заедно со својата ќерка.

Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill) Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)

Во меѓувреме се случува уште една непланирана работа – мајката на Зои ќе мора итно да замине на пат, па поради тоа ќе го замоли Итан да ја чува во наредните 3 дена. И токму тогаш работите стануваат многу повозбудливи. Итан ќе мора да најде начин како да балансира помеѓу својата последна мисија како агент и својата нова мисија како татко.

Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill) Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)

„3 дена за убиство“ е лесен и интересен филм за гледање, исполнет истовремено и со многу тензија која ќе го одржува вашето внимание, но и со совршена доза на хумор која одвреме-навреме ќе ве смее и опушта. Кевин Костнер како и секогаш одлично ја завршува својата работа, а истото можеме слободно да го кажеме и за останатите актери во овој филм кои совршено се одбрани за своите улоги.

Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill) Филм: 3 дена за убиство (3 Days to Kill)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар