Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)

Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)

Филм за политичките игри и за тоа како смртта на „обичните смртници“ не значи ништо за моќниците додека кешот оди во џебот, но и за промените кои малите луѓе можат да ги направат, за потоа… сè да се врати на старо.

Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)Режија: Хозе Падилха

Улоги: Вагнер Мура, Инрандхир Сантос, Андре Рамиро

Времетраење: 116 минути

Јазик: португалски

Премиера: 8 октомври 2010

Жанр: акција, крими, драма

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (15 гласа, просек: 7,87 од 10)
Loading...

———————————————————————————————————————————————————————–
Кога ќе земеш да гледаш акција или драма чие дејство е сместено во Рио де Жанеиро, некако автоматски мозокот ти помислува на приказна за бандите со сиромашните квартови, фавелите. Но, во „Елитен оддел 2“ предмет на елаборација воопшто не се бандитите кои животот ги направил да бидат тоа што се, социјален отпад. Тука се говори за оној џган, за оние убијци, дилери, силувачи кои ни се смеат од предизборните плакати или, пак, уште пострашно, од зад политичкиот параван. Тие се бескрупулозни, безмислосни и пострашни дури и од оние личности во најозлогласените затвори од кои ти се смрзнува крвта во вените. Зошто? Затоа што додека нежно ти велат „влези, мил пријателе” најчесто зад грбот кријат нож.
———————————————————————————————————————————————————————–

Приказна: По крвав масакр во затвор во Рио де Жанеиро, командантот Насцименто и полицаецот Матијас, и двајцата членови на специјалниот полициски оперативен баталјон BOPE, стануваат жртвени јагниња за да се обели образот на полицијата. Причина за тоа се притисоците од борците за човекови прави на чие чело е Диого Фрага, кој воедно е оженет со поранешната жена на Насцименто. Но, Насцименто кој е и главниот наратор на оваа приказна, поради популарноста која ја ужива кај народот, станува дел од Секретаријатот за безбедност и од таа позиција почнува да се заложува за што е можно посилен и поопремен баталјон BOPE. Сè со чистата намера, Рио да го направи помирно место за живеење. Но, тука се вмешуваат големите политичари, валкани полицајци и генерално луѓе кои ќе ги искористат сите ресурси за да извлечат повеќе за свој бенифит.Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)Текот на приказната нема да го разработуваме. Но, интересно е да се напомене дека и покрај нишката на оптимизам дека малиот човек може да промени многу, односно моментот дека Насцименто со своите сведочења става во затвор една цела група  корумпирани челници, ладната вистина е дека на крај сепак доаѓа нова гарнитура која ќе го прави истото. Тоа е неизбежен и непрекинлив процес. Дали воопшто некој може да направи нешто околу тоа? Иако генерално дејствието во „Елитен оддел 2“ се одвива на деловни состаноци и на крвави пресметки во фавелите, присутен е и силен личен момент. Пред сè, преку односот на Насцименто со неговиот син кој во периодот на пубертетот веќе не сака да има ништо со својот биолошки татко. Со тоа му се дава еден поемотивен, човечки момент на целиот тек без кој приказната би постоела, но ниту еден гледач не би можел да се поврзе со неа, би била како празен орев. Инаку овој филм е второ продолжение на филмот „Елитен оддел“ кој во 2007 година доби Златна мечка на Берлинскиот филмски фестивал.Елитен оддел (Elite squad 2)Кинематографија: Еден поинаков приказ на Рио кој и не е толку весел, разигран, безгрижен, а ниту пак е сиромашен. Ако не се сцените во кои се чистат фавелите или пак тука и таму по некој весел кадар на забава, нема ни да претпоставите дека дејствието се случува во градот на самбата.Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)Кога и како да го гледате: Дефинитивно филмот не би требало да го гледаат деца поради сцените исполнети со насилство. А на останатите, кои се мераклии на ваков жанр, искрено и не им треба некое точно одредено време од денот. Филмчето сепак, подобро оди во друштво.Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар