Добрите христијанки (Good Christian Belles)

Сподели

ТВ серија за животот на група христијанки и за новиот почеток на нивната поранешна соученичка…

ДХУ (GCB)Креатор: Роберт Харлинг

Главни улоги: Лесли Биб, Ени Потс, Кристин Ченоувет, Дејвид Џејмс Елиот, Џенифер Аспен, Бред Бајер, Мириам Шор, Марк Деклин, Марисол Николс и Тајлер Џејкоб Мур

Жанр: комедија, драма

Јазик: англиски

Премиера: 4 март 2012

Број на сезони: 1 (во тек)

Времетраење: 43 минути

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (56 гласа, просек: 8.98 од 10)

Loading ... Loading ...


Добредојдовте во Далас, Тексас каде што секој ден е „судниот“ ден. Од креаторот на „Сексот и градот“ доаѓа нова ТВ серија која ќе ви покаже што се случува доколку одлучите да си играте со Тексас. Работите никогаш не се такви како што изгледаат и оваа серија совршено го доловува тој момент. Непредвидливите ситуации проследени со хумористични пресврти целосно ќе го задржат вашето внимание и ќе ве натераат веднаш да ги засакате овие необични и добри христијанки-убавици.



Приказна: Аманда Вон (Лесли Биб), поранешна „лоша девојка“ е приморана да се врати дома откако нејзиниот брак завршува со скандал. Нејзината мајка Џиџи (Ени Потс) е пресреќна бидејќи добива втора шанса со својата ќерка, но поранешните соученички на Аманда не го делат нејзиното мислење. Предводени од Карлин Кокбрн (Кристин Ченоувет), Крикет Карут-Рејли (Мириам Шор) и Шерон Пичам (Џенифер Аспен) се потсетуваат на старите лоши времиња и пробуваат да ги „израмнат сметките“ со Аманда. Но, тие полека ќе почнат да сфаќаат дека таа веќе не е тоа што била во средно училиште.ДХУ (GCB)Карлин и Рип Кокбрн (Дејвид Џејмс Елиот) имаат таканаречен „совршен“ христијански брак. Карлин постојано се води според Библијата и во некои ситуации кога ќе тргне во погрешна насока, Рип е тука да ја потсети на вистинскиот пат. И покрај тоа што таа воопшто не ја сака Аманда, нејзините верувања ја спречуваат да ја мрази и да ù наштети на кој било начин, па затоа постојано смислува креативни и „легални“ начини за да ù се спротистави.ДХУ (GCB)ДХУ (GCB)Шерон и Зек Пичам (Бред Бајер) биле кралот и кралицата на матурската вечер, најубавиот пар во училиштето. Тие имале големи планови за иднината, но некако работите не им испаднале баш така како што си ги замислувале. Враќањето на Аманда ќе предизвика низа настани кои ќе ги потсети на оние работи кои тие навистина ги сакаат. Што се однесува до Крикет и Блејк Рејли (Марк Деклин), тие имаат малку специфичен брак кој се темели на длабоко пријателство, но не и на љубов. И двајцата имаат партнери надвор од нивната врска – Крикет најчесто излегува со нејзините инструктори (таеквондо, јога…), додека пак Блејк е повеќе заинтересиран за личности од машкиот пол.ДХУ (GCB)ДХУ (GCB)Заедничко кај сите овие ликови е неделната посета на црквата. Пастор Џон Тудор (Тајлер Џејкоб Мур) e проповедник во таа црква и покрај неговата редовна работа многу често има улога и на брачен советник, како и на официјален психолог во предградието. Најтешката задача му е да се справува со групата на христијанките-убавици и поради тоа ќе ја вработи Аманда како негова секретарка за да му помага во одредени „тешки“ ситуации. Оваа нова позиција на моќ нема многу да им се допадне на девојките, но Аманда одлично ќе ја искористи за да докаже дека е сменета, како и за да поправи некои сфаќања за жените кои владеат во нивното предградие.ДХУ (GCB)ДХУ (GCB)Кога да ја гледате: Оваа ТВ серија е одлична за време на паузата за кафе. Непредвидливите ситуации целосно ќе го задржат вашето внимание, а хумористичните пресврти ќе ве насмеат до солзи и ќе ве натераат веднаш да ги засакате овие девојки кои секојдневно дознаваат нешто повеќе за себе и за нивните најблиски.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Студентка по психологија која во слободно време обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Одрекува дека е зависна од кофеин, но цврсто верува дека со помош на поголемо количество на кафе може да го освои светот. :)

Поврзани содржини

  1. Lale Reply

    Smeshki se…gi gledam!

Остави коментар