Дилемата (The Dilemma)

Филм за неверството и за дилемите кои можат да произлезат од него и да нè доведат во многу непријатни ситуации…

Дилемата (The Dilemma)Режија: Рон Хауард

Сценарио: Алан Леб

Улоги: Винс Вон, Кевин Џејмс, Винона Рајдер, Џенифер Конели, Квин Латифа

Времетраење: 118 минути

Јазик: англиски

Премиера: 14 јануари 2011

Жанр: драма, комедија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 8.25 од 10)

Loading...Loading...


Неретко денот ни започнува со дилеми. Некои се навистина смешни, но некои ни задаваат вистински главоболки. Се двоумиме што да облечеме, по кој пат да одиме на работа, дали да пиеме кафе или чај… Ова ви звучи лесно решливо, но како би постапиле ако сте сведок на неверство?

Што би направиле ако сопругата на вашиот најдобар пријател ја затекнете со нејзиниот љубовник? Би му кажале ли дека го изневерува или би премолчиле и би продолжиле понатаму како ништо да не се случило? Сте се довеле ли некогаш во таква дилема? Оваа тема е интересна и за филмаџиите. Режисерот Хауард, преку овој филм се обидува на неверството да му даде една комична нишка, низ згодите и незгодите на главниот лик, кој од една дилема влетува во нова…



Приказна: Бизнисменот Рони (Винс Вон) и инженерот Ник (Кевин Џејмс) се пријатели од студентските денови и бизнис партнери во мала фирма за дизајн на автомобили. Работат на сериозен проект за моќна компанија, со цел конечно да се пробијат на пазарот и добро да заработат. Рони се подготвува да ù предложи брак на неговата девојка Бет (Џенифер Конели), мотивиран од сопругата на најдобриот пријател, Џенева (Винона Рајдер).

И сè е како во бајките, додека Рони не ја здогледа Џенева како се бакнува со друг, во ботаничката градина во која тој го планира романтичното запросување на Бет. Тука започнуваат проблемите. Станува свесен дека Џенева води двоен живот, во еден момент е мила и скромна сопруга на неговиот најдобар пријател и колега, а во друг таа се претвора во опасна љубовница.Дилемата (The Dilemma)Дилемата (The Dilemma)Рони бара начин како да му соопшти на Ник дека сопругата го изневерува. На тој пат од една дилема влетува во нова. Ѝ кажува на Џенева дека знае за нејзината љубовна афера и ја убедува дека тоа мора да му го признае на сопругот. Но, наидува на жесток отпор. Таа му се заканува дека ако се обиде да ја издаде нејзината тајна, ќе му го расипе пријателството со Ник.Дилемата (The Dilemma)Дилемата (The Dilemma)Дилемата (The Dilemma)Пред воопшто да се забавува со Ник, Џенева била во куса врска со Рони. Но, нивната авантура никогаш не му ја откриле на Ник, за да не го повредат и да го поштедат од непријатностите. Ова Џенева подоцна го користи како оружје против Рони, со цел нејзината афера да остане во тајност. Рони започнува да ја следи и да собира докази, надевајќи се дека со тоа ќе им стави крај на лагите во кои живее неговиот најдобар пријател, кој пак, е убеден дека одлично ја познава сопругата. Додека го прави тоа, Рони се доведува во безброј незгодни ситуации, со кои ризикува да ја изгуби Бет. Дел од нив и не се толку комични…Дилемата (The Dilemma)Дилемата (The Dilemma)Глума: Ова е уште една одлична глума на Винс Вон и на Кевин Џејмс. Повторно покажаа дека овој жанр е нивното вистинско лице. Воопшто не се спорни ниту актерските способности на Винона Рајдер и на Џенифер Конели. И двете актерки одлично го одиграа својот дел, иако ќе се согласите дека комедиите не им лежат баш најдобро. Но, да речеме дека сме навикнале да ги гледаме во едно поинакво светло, па премногу очекуваме од нив кога ќе ги видиме надвор од него. Незаборавно е и појавувањето на Квин Латифа. Ја има во само неколку куси сцени, но доволни за да остави силен впечаток со нејзината неверојатна харизма. Тука е и младиот Ченинг Метју Тејтум, кој одлично глуми наивен љубовник. Улогата е како скроена за него.Дилемата (The Dilemma)Дилемата (The Dilemma)Кога и како да го гледате: „Дилемата“ може да го гледате во кое било време, но најдобро е тоа да го сторите на крајот од работната недела или за викенд. Можеби и вам ќе ви разбуди некоја дилема, но и слатко ќе ве изнасмее и опушти после напорната работна недела.Дилемата (The Dilemma)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар