Десетте најдобри филмови на сите времиња според 358 славни режисери

Секои 10 години британскиот магазин „Sight & Sound“ спроведува анкета помеѓу филмските режисери и критичари за да дознае кои се најдобрите филмови на сите времиња. Последното истражување вклучувало повеќе од илјада испитаници, а помеѓу нив 358 режисери меѓу кои и Квентин Тарантино, Мартин Скорсезе, Вуди Ален, Френсис Форд Копола и многу други славни имиња. Во продолжение откријте кои се најдобрите 10 филмови според последната анкета.

1. Токиска приказна (Tôkyô monogatari)

Десетте најдобри филмови на сите времиња според 358 славни режисери

Ова е тажна и трогателна приказна на големиот јапонски режисер Јасуџиро Озу. Филмот се фокусира на постар брачен пар кој оди во посета на своите деца, кои не ги виделе со години. Но, како што ќе се открие во филмот, нивните деца не се заинтересирани за своите родители и се премногу зафатени со своите животи. Оваа неверојатно тажна приказна ќе ве натера да ги преиспитате своите вредности и приоритети.

2. 2001: Вселенска одисеја (2001: A Space Odyssey)

Десетте најдобри филмови на сите времиња според 358 славни режисери

Кои сме ние во овој универзум? Екипажот на вселенското летало „Discovery One“ има задача да го дознае одговорот. Тие ќе тргнат да ги истражуваат блиските региони во галаксијата за да разберат зошто вонземјаните ја надгледуваат Земјата. Ова патување дефинитивно го води тимот до многу неочекувани откритија. Сценариото напишано од страна на легендарниот Стенли Кјубрик било инспирирано од кратката приказна на Артур Кларк – „The Sentinel“.

3. Граѓанинот Кејн (Citizen Kane)

Десетте најдобри филмови на сите времиња според 358 славни режисери

„Граѓанинот Кејн“ е филмска приказна за американскиот сон, како може тој да биде остварен и што навистина ќе добиете како резултат. Опседнатоста на главниот херој Кејн со моќта и парите за малку ќе го уништела неговиот живот. Филмот е дело на Орсон Велс, тогаш 25-годишното чудо од дете, кој меѓу другото, ја имаше и главната улога, а беше и продуцент и писател на овој филмски класик.

4. 8½ (8½)

Десетте најдобри филмови на сите времиња според 358 славни режисери

Гвидо, главниот херој во филмот, е филмски режисер кој се подготвува да направи филм за опстанокот на човештвото после нуклеарната катастрофа. Сценографијата е поставена, актерите и сценаристите се спремни за работа, но Гвидо е заглавен во креативен ќорсокак, не знае како да започне и од каде да најде инспирација. Ова прекрасно, надреално дело на италијанскиот гениј Федерико Фелини е задолжително за сите креативни луѓе.

5. Таксист (Taxi Driver)

Десетте најдобри филмови на сите времиња според 358 славни режисери

Тревис Бикел е воен ветеран кој работи како таксист во ноќна смена. Гледајќи ги секоја вечер гетото и валканата страна на градот, тој решава да стави крај на сето тоа. Неговиот сон е да го исчисти градот од сета негова нечистотија. Режиран од страна на Мартин Скорсезе, овој филм е навистина спектакуларен, предизвикувачки и провокативен.

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар