Дефектниот детектив (Defective Detective)

Интересно анимирано филмче за еден очаен детектив, кој подолго време нема решено никаков случај. Кога најмалку очекува му се укажува сосема случајна прилика. Неговата сосетка вреснува, а тој спремен и решителен како никогаш, тргнува во разрешување на мистеријата…Дефектниот детектив (Defective Detective)Филмчето е насловено како Defective Detective“, е направено од страна на Авнер Гелер кој работи за „Pixar“ и Стиви Луис која е вработена во „DreamWorks“. За овој анимиран филм тие имаат освоено трето место на 38то издание на студентските награди за анимација.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар