Буден (Awake)

Буден (Awake)

ТВ серија за еден детектив, кој живее два паралелни животи, едниот со неговата сопруга, другиот со неговиот син

Буден (Awake)Главни улоги: Џејсон Ајзекс, Лора Ален, Стив Харис, Дилан Минет, Вилмер Валдемара, Б.Д. Вонг, Чери Џоунс

Жанр: криминалистика, драма, трилер

Креатор: Кајл Килен

Премиера: 1 март 2012

Број на сезони: 1 (во тек)

Времетраење: 43 минути

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 8,10 од 10)
Loading...


Кога имаме лоши соништа, сакаме само да се разбудиме за да најдеме утеха во реалноста, а понекогаш дури сакаме да продолжиме да сонуваме за да го решиме случајот кој ни создавал мака додека сме спиеле. Замислете како би изгледал животот кога будењето од еден сон веднаш би нè сместувало во друг и кога двата последователни соништа всушност креираат само една реалност. Сон или јаве, впрочем не е ни важно, важно е да ни се допаѓа она што притоа го искусуваме.



Приказна: Семејството на полицискиот детектив Мајкл Бритн е жртва на ужасна сообраќајна несреќа, во која животот го губи еден од неговите членови. Ќе помислите дека тоа е жена му, додека не ја видите следната сцена во која Мајкл се буди наидувајќи на синот во својата кујна. Нормално, во второто сценарио, недостасува сопругата.Буден (Awake)Буден (Awake)Во едниот живот тој носи црвено ластиче на раката, на тој начин помагајќи ѝ на публиката да го следи дејството во кое преживеаниот член на семејството е неговата сопруга Хана. Во другата реалност носи зелено ластиче за да го симболизира животот со неговиот син. Двајцата преживеани во двете паралелни реалности на различен начин се обидуваат да излезат на крај со загубата, но интересно е дека Мајкл функционира сосема добро. Тој има можност да го живее животот со двајцата, не обидувајќи се да навлезе во суштината на неговиот необичен животен тек.Буден (Awake)Во двата животи, Мајкл посетува двајца различни психотерапевти кои го убедуваат дека она што го искусува во другиот живот е само многу реален сон и репрезентација на неговата загуба.Буден (Awake)Буден (Awake) Тој има и различен партнер во секој од паралелните животи, кои пак не знаат за неговата друга реалност.Буден (Awake)Паралелно со неговиот двоен приватен живот, имаме можност да го следиме и напредокот во неговата детективска кариера. Ова пак е резултат на тоа што одредени знаци од едниот живот му помагаат во решавањето на случаите од другиот.Буден (Awake)Што е причината за постоењето на двете подеднакво реални реалности во кои живее детективот Мајкл Бритн сè уште не ѝ е откриено на публиката, но дознаваме дека сообраќајната несреќа е наместена од „високите фаци“ во неговиот полициски оддел.Буден (Awake)Кога и како да ја гледате: Гледајте ја кога сте одморени за да можете да ги поврзувате знаците кои се испреплетуваат меѓу случаите од двата животи на детективот Бритн. Уште поважно, не гледајте ја токму пред спиење, бидејќи може да се разбудите во некоја неочекувана реалност. 🙂


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар