Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите - Part 3

Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите

3. Мерлин (Merlin)

Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштитеУлоги: Колин Морган, Бредли Џејмс, Ричард Вилсон, Ејнџел Коулби, Кејти МекГрат

Жанр: авантура, драма

Премиера: 20 септември 2008

Сезони: 5

Времетраење: 45 минути

Наша оценка: 9

Дејството на оваа ТВ серија нè води далеку во минатото, кога Артур е сè уште принц и кога со кралството владее неговиот татко Утер. Но, за разлика од досегашните филмови и ТВ серии посветени на овој лик, овој пат приказната се врти околу младиот волшебник Мерлин.

Сè започнува кога загрижената мајка ќе го испрати својот син кој поседува магични способности кај пријател со надеж дека тој ќе му помогне. На тој начин Мерлин доаѓа под заштита на кралскиот доктор Гаиус, кој ќе стане негов ментор. Тој ќе почне да го учи Мерлин како да ја контролира својата способност, како да ја користи само во итни случаи и секогаш за добро. Набрзо Мерлин ќе стане и личен слуга на Артур со кој постојано ќе оди на мисии и потајно ќе го заштитува од оние кои сакаат со магија да му наштетат. Односот помеѓу главните ликови, Мерлин и Артур е динамичен и забавен и мора да се признае дека токму тој е еден од главните причини зошто оваа ТВ серија е толку добра.

Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар