Brave (Храбра)

Brave (Храбра)

Филм за храброста и решителноста на млада и малку необична принцеза која треба да се соочи со ужасна клетва

Brave (Храбра)Режија: Марк Ендрус, Бренда Чепман

Гласови: Кели Мекдоналд, Били Коноли, Ема Томпсон

Времетраење: 100 минути

Јазик: англиски

Премиера: 22 јуни 2012

Жанр: анимација, акција, авантура

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (41 гласа, просек: 9,34 од 10)
Loading...


Внимавајте што посакувате, бидејќи желбата може навистина да ви се оствари! Но, што е најлошото што би можело да се случи, ќе се запрашате… Верувајте, понекогаш е подобро доколку никогаш не го дознаете одговорот на тоа прашање. Овој филм нè потсетува токму на овие мисли, а младата Мерида ќе го открие тоа на потешкиот начин. Интересен филм кој нè предупредува дека понекогаш пред да посакаме нешто, треба прво добро да размислиме за последиците кои можат да настанат од нашите желби.


Приказна: „Храбра“ е прекрасна и трогателна нова бајка која си го пронајде своето место меѓу најдобрите анимирани филмови од овој жанр. Во филмот се прикажани проблеми кои ни се добро познати и поради тоа се многу лесно прифатени и сфатени од публиката на сите возрасти. Оваа приказна не се движи според нормалниот „шаблон“ на бајките и целосно го менува начинот на кој ние сме замислиле како би требало да изгледа една принцеза.Brave (Храбра)Според законите на кралството, само првородените смеат да се борат за раката на убавата принцеза. Стрелците треба да ги заземат своите позиции и да им покажат на сите присутни зошто токму тие ја заслужуваат младата дама. Додека тие буквално се „препотуваат“ и нервираат пред публиката, Мерида (Кели Мекдоналд) и нејзиниот татко – кралот Фергус (Били Коноли) тивко се шалат за нивниот изглед и начин на однесување.Brave (Храбра)Brave (Храбра)Кога сосема случајно и несакано, еден од претставниците ќе ја погоди стрелата, Мерида ќе реши да ги преземе работите во свои раце така што ќе истапи пред сите велејќи: „Јас сум Мерида и јас ќе се натпреварувам за својата рака“. Таа со својата изјава ќе ги изненади сите, а мајка ù – кралицата Елинор (Ема Томпсон) која добро ги познава нејзините способности ќе се обиде да ја спречи. Но, решителноста на Мерида е толку голема што со своите резултати ќе успее буквално сите да ги остави без зборови.Brave (Храбра)Brave (Храбра)Импулсивната Мерида сака да го живее својот живот на нејзин начин, а правилата кои ù се наметнати како принцеза целосно ù ги попречуваат нејзините соништа. Таа од срце посакува работите да се сменат – и тоа брзо ќе стане основа на голем проблем. Со нејзината желба, сосема случајно и не сакајќи, таа ќе ослободи античка клетва која ќе биде закана за целото кралство. Младата Мерида мора да направи сè што може за да го спаси кралството, а нејзините стрелачки способности ќе ù бидат од голема корист во оваа необична мисија.Brave (Храбра)Brave (Храбра)Koга и како да го гледате: Оваа несекојдневна приказна е одлична за кратко бегство од реалноста. Доколку ви е потребен одмор и одвлекување на вниманието, Мерида со сигурност ќе успее да ве насмее и расположи. Направете си кафе и пуканки, вклучете ја климата, наместете се удобно пред телевизорот и пуштете го овој одличен филм – забавата е гарантирана!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Merida Reply

    Јас сум Мерида и јас ќе се натпреварувам за својата рака (Y)

Напиши одговор на Merida Откажи одговор