Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)

Филм за судбината и за љубовта, за тоа колку сме подготвени за да излеземе од патот кој ни е зацртан и да се избориме за работите што навистина ги сакаме во животот.

Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)Режија: Џорџ Нолфи

Улоги: Мет Дејмон, Емили Блант, Ентони Меки

Времетраење: 106 минути

Јазик: англиски

Премиера: 4 март 2011

Жанр: фантастика, трилер, романса

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 5/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (34 гласа, просек: 8.50 од 10)

Loading...Loading...

—————————————————————————————————————————————————
Откако со минатите рецензии на маса ставивме неколку горчливи кафиња, за доброто на гостите пожелно е да донесеме и по една лимонада за освежување и разблажување. Таа лимонада е филмот „Агенти на судбината”. Речиси невозможен микс на жанрови – фантастично-романтичен трилер, ова е режисерското деби на сценаристот на „Борновиот ултиматум”, Џорџ Нолфи. Малку од Борн, малку од „Матрикс”, малку од „Градот на ангелите” и ете ти го новиот филм со Мет Дејмон. Сепак, од позитивната страна, „Агенти на судбината” ќе ве релаксира и веќе следниот ден… нема ни да го паметите. Перфектен избор за напорните денови.
—————————————————————————————————————————————————

Приказна: Дејвид Норис (Мет Дејмон) е млад политичар со светла иднина и големи амбиции сè додека не ја сретне младата балерина Елиса (Емили Блант) во која веднаш се вљубува. Сè изгледа перфектно сè додека мистериозни луѓе од „божјата корпорација“ не им застанат на патот затоа што тоа не е дел од нивната судбина, на нивната замислена и трасирана патека. Запишано е таа да биде позната танчарка, а тој претседател, но да трчаат по кариерата, а не да бидат една вљубена двојка. Додека во повеќето филмови, делот од приказната, според кој, имаме вечни „демначи“ над секој наш чекор би бил доминантен, во „Агенти на судбината” сето тоа е во втор план пред љубовната сторија, односно борбата на Дејвид и Елиса и покрај сите пречки да останат заедно. Токму тоа го прави овој филм лимонадест, но може да се очекува таков потег на сценаристот поради еден едноставен факт – гледачите моментално се малку заситени од теориите на завери и од нивното отплеткување.Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)Синтезата на фантастика, трилер и романтика во филмот е сосема функционална, но не го прави исклучителен во ниту еден поглед. На моменти реакциите на ликовите се премногу слаби во однос на настаните во филмот, кои во реалниот живот би го преплашиле секој човек. Актерските остварувања на кратки секвенци изгледаат лажно, но сè на сè може да се карактеризираат како коректни.Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)Кога и како да го гледате: Дефинитивно дома со пуканки и со кока-кола со оглед на тоа што ќе можете да изберете дали да го исклучите или да продолжите да го гледате во зависност од вкусот. Одлично филмче за напорните денови во кои само сакате да седнете и да го одморите мозокот. Дефинитивно романтичните души повеќе ќе уживаат.Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар