Адвокатска ТВ драма: Reckless (Тенка линија)

Адвокатската драма Reckless, која се одвива во Чарлстон, срцето на американскиот југ, е полна со напнатост. Во прв план е напнатоста која предизвикува привлечност помеѓу двајца адвокати на спротивставени страни, но и напнатоста во рамките на полицијата, помеѓу корумпираните и чесните полицајци.

advokatska-tv-drama-reckless-tenka-linija-kafepauza.mkУлоги:

Ана Вуд (Џејми Соер)

Кем Жиганде (Рој Рајдерс)

Шон Хатоси (Тери Мекендлс)

Адам Родригез (Престон Круз)

Џорџина Хејг (Ли Ен Маркус)

Ким Вајанс (Ви Бригс)

Грегори Харисон (Дек Фортнам)

Мајкл Гледис (Холанд Нокс)

Самото име на серијата, Reckless (Тенка линија), не е одбранo случајно поради тоа што во центарот на приказната се двајцата главни протагонисти чија работа не дозволува никаков приватен однос и покрај силната привлечност што ја чувствуваат уште при првата средба. Јужњачкиот адвокат кој ја застапува полицијата и амбициозната адвокатка која тукушто се доселила од Њујорк и во судски процес ја застапува полицајката која добила отказ, низ целата серија ќе бидат на тенката граница која ги дели професионалниот и деловниот успех од личните желби и интимната среќа.

Важниот судски процес поврзан со голема афера во полициската станица во Чарлстон ги става двајцата главни јунаци на спротивните страни од судницата, а со новите докази кои се откриваат низ серијата, линијата помеѓу жртвата и виновникот станува многу потенка. Тенката линија го дели моралното од неморалното во постапките на двајцата адвокати и во тоа колку далеку се подготвени да одат за страната што ја застапуваат. А најтенката линија е таа која никогаш не смеат да ја пречекорат, бидејќи ако ѝ се препуштат на сексуалната желба, и двајцата ќе си ги уништат кариерите.

2-advokatska-tv-drama-reckless-tenka-linija-kafepauza.mk

Привлечноста помеѓу главните јунаци на серијата не е никаква новост. Тој концепт секако се покажа како успешен во многу детективски серии во кои двајцата јунаци завршуваат како љубовна двојка, додека авторите на серијата Тенка линија ја поставија приказната така што ризикот од преминување на линијата од професионален во интимен однос е премногу голем, поточно, и за двајцата тоа значи пропаст на кариерата. И колку и да навиваме нашите јунаци да завршат заедно, во оваа серија секогаш ќе ги дели таа тенка линија до среќниот крај.

3-advokatska-tv-drama-reckless-tenka-linija-kafepauza.mk

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ?

Воведната сцена на Тенка линија ја најавува главната приказна околу која се вртат настани, се развиваат и се менуваат меѓучовечките односи, но и се менуваат страните во судскиот процес. А сцената изгледа шокантно. Автомобилски фарови до пат во предградие, ограда од жица, лисици и полицајка и детектив во акција. Сето тоа изгледа како сцена од црната хроника, иако авторите признаваат дека инспирација им бил спотот на хитот на „Вајтснејк“, „Here I Go Again“, бидејќи, како што објаснија, хевиметалците најдобро знаеле да покажат што им е секси на мажите. А тоа е едноставно, мажите сакаат коли и жени, а најдобро е ако се во комбинација….

Овие денови заедно со Pickbox.tv, имате можност да почнете да уживате во одличната ТВ серија Reckless (Тенка линија).

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар